fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

На Светското првенство по куглање, нашиот Архан во финалето го освои 8-то место

Архан Арслановски, куглар и ученик од средното училиште „Таки Даскало“ од Битола се пласираше во финалето на Светското првенство по куглање, информираат од Кугларската федерација на Македонија. Во машкото финале, Архан се пласираше на 8-то место со резултат 516 (148). И младата Стефанија Алексовска од Битола настапуваше на Светското првенство по куглање, каде со резултат 553 го освои 12-то место,...

Повик до деца и млади за изработка на концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ) во рамките на проектот „Видео игротека“, распиша повик за изработка на концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“. Како што информираат од УМПАКИ, повикот е отворен за деца и млади на возраст од 7 до 18 години. Сите заинтересирани ќе треба да смислат концепт за видео игра, и...

Со граѓанска наука до заштита на природата: се мапираат растителните видови кај Вевчански извори

Еко-свест и Натура МК започнуваат со примена на граѓанска наука за да помогнат во идентификација и мапирање на растителни видови во Споменикот на природа „Вевчански извори“ и со тоа да овозможат подобар мониторинг и заштита на шумите во ова заштитено подрачје. Еко-свест и Натура МК спроведуваат обука за правилно индентификување и мапирање на видови дрвја - буката, костенот и дабот...

Денеска се одржува државниот ученички натпревар по кодирање организиран од Британскиот совет

Државниот натпревар по кодирање за ученици на возраст од 10 до 15 години се одржува денеска, а на него ќе учествуваат 15 ученички тимови со проекти изработени со примена на микробит уред, информираат од Министерството за образование и наука. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска го отвори натпреварот кој го огранизира Британскиот совет во рамки на регионалната програма...

Ученици и професори од три земји во „Корчагин“ садеа еко-картички како симбол за социјално претприемништво

Во средното училиште „Раде Јовчевски- Корчагин“- Скопје денеска се одржа завршниот настан од проектот „SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво“. Ученици и професори од средни училишта од Македонија, Литванија и Хрватска заедно садеа еко-картички од кои никнува цвеќе-пркос. „Преку гестот на заедничко садење се пренесе симболиката дека социјалното претприемништво е семе кое треба да расте и да се...

Младите во фокусот на овогодинешното одбележување на Денот на Европа

Делегацијата на Европската Унија, заедно со „Јуроп Хаус“, ќе го одбележат Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward. Со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности поврзани со младите, информираат од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Главниот јавен настан годинава ќе биде единствено уметничко искуство...

Распишан конкурс „Цртај на македонски јазик“

Министерството за култура распиша конкурс за творби за манифестацијата „Цртај на македонски јазик“, чија цел е да се поттикне творештво за да се осовремени и раздвижи културната понуда во земјава. Поточно, идејата е да се создаваат дела со употреба на македонскиот јазик и кирилица, а од страна на млади автори и уметници. Предлог-проектите може да бидат од уметноста воопшто, но...

Во сабота со концерт на млади бендови во МКЦ ќе се одбележи Денот на Европа

По повод 9 мај - Денот на Европа, во сабота (7 мај) во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се организира Концерт на млади бендови на кој ќе учествуваат седум средношколски бендови. Концертот ќе започне од 12 часот напладне и ќе трае до 17 часот, а ќе настапат бендовите „Црно собрание“, „Резонанца“, „Улично радио“, „Zanadu“, „Exhibit A“, „DIBS“ и „Visionary...

Ќе се работи на младинска иницијатива за дигитализација како приоритет на младите да останат во земјава

Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) денеска во Собранието одржаа средба, на која беше постигнат договор за заедничко работење на имплементација на иницијативи за дигитална трансформација на општеството. Тие ќе придонесат да им се обезбеди полесен и подобар живот на младите во земјава, како...

По 240 одиграни натпревари, познати победниците од средношколската лига на Град Скопје

Во спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ во скопската населба Ѓорче Петров вчера се одиграа финалните натпревари од завршниот градски ФАЈНЛ ФОР на средноучилишната лига на Град Скопје – скопски регион, за учебната 2021/2022 година, информираат од Град Скопје. Победниците во футсал, ракомет, кошарка и одбојка се избраа по над 240 одиграни натпревари во изминатиов период. Во машкото финале во...

И онлајн и на училиште, матурантите се подготвуваат за испитот на зрелоста

Учениците во завршна година во училиштата за средно образование, периодов се подготвуваат за полагање на екстерните испити кои се дел од државната матура. Впечатокот кој се добива од разговорот со неколкумина професори и директори на училишта, е дека штрајкот кој неодамна беше ставен во мирување, ретко каде оневозможил да се одржува подготвителна настава за испитот на зрелоста. Некои професори,...

Проблемот со младите бездомници во Македонија го надминува капацитетот на социјалните услуги

„Организација за домување и станари“ (ОДС) во соработка со Цивика Мобилитас неодамна изработи и промовираше ново истражување насловено како „Младите лица и домувањето“, во кое се анализира и темата за младите лица без живеалиште што живеат во Република Северна Македонија. Станува збор за испитувања што досега немаат добиено генерална видливост, односно се анализираат скриеното и потенцијалното кои покрај јавното, постојат...

Со лични донации и голем ентузијазам, студентите го отворија Етно клубот на ПМФ [фото]

Студентите од катедрата на Институтот за етнологија и антропологија денеска, опкружени во природа, со вкусни домашни специјалитети и со песна го отворија Етно клубот во Природно-математичкиот факултет (ПМФ). Клубот се наоѓа во паркот пред долната зграда на ПМФ, во близина на Ботаничката градина, помеѓу зеленило и верверички, а замислен е како место за дружба, работилници и предавања за сите студенти...

Отворен Младинскиот центар – МладиХаб во Битола

Денеска во Битола се отвори Младинскиот центар – МладиХаб, кој е предвиден да служи како простор за работа, вмрежување и организирање на активности што бесплатно ќе им стои на располагање на младите во регионот. Младинскиот центар се отвори во рамки на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“ финансиран од Британската амбасада во...

Oтворен повик за стипендии за Кампот за високо-технолошка извонредност во Охрид

„Македонија 2025“ објави повик за стипендии за учество на второто издание на Охрид камп за високо-технолошка извонредност, кој ќе се одржи од 9 до 16 јули во Охрид. Основна цел на програмата е младите од 11 до 15 години да ги унапредат своите вештини за роботика и кодирање, а покрај тоа, да обезбеди можност за младите Македонци од земјава и...

Пендаровски се сретна со студентите од ФИНКИ што ја креираа алатката „Ховитцер“ на „Редит“

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в Лице“ оствари средба со студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, кои ја создадоа маркетинг-алатката за рекламирање „Ховитцер“ (Howitzer) на американската социјална мрежа „Редит“ (Reddit), информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. Младите таленти-информатичари го запознаа претседателот Пендаровски со нивната иновација, начинот на кој дошле до...

Порталб: Стар проблем – нови решенија, повеќе од 25.000 млади лица без работа – дали ќе помогнат новите владини мерки?

„Прв дојден – прв услужен“ и воведување на квота од 5 отсто опфатеност на Ромите, учество на младите лица до 29 години со најмалку 30 отсто – ова се новите критериуми во новиот Оперативен план за вработување за 2022 година, пишува Порталб.мк. За оваа година предвидено е рекордно највисок износ од 28 милиони евра за отворање на нови работни...

Млади еко иноватори добија средства за да реализираат решенија за заштита на водните ресурси

Пет тима составени од деца и млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да го реализираат своето иновативно решение за подобрување и заштита на водните ресурси во заедниците во кои живеат и да ги намалат штетните ефекти од климатските промени, информираат од УНИЦЕФ. На онлајн-работилницата за креативно размислување младите иноватори беа избрани како дел...

Празникот на уметноста одбележан и кај нас, македонските уметници со специјални изложби и нескромна уметност

По повод светскиот ден на уметноста кој се одбележува на 15 април, избрани македонски уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, како и младите уметници, студентите на Факултетот за ликовни уметности, организираа целодневни настани проследени со изложби. Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) се претстави со изложбата „Поместени граници“ составена од уникатни изработки, дела и инсталации на осум визуелни...

„Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ – улична уметност и музика на отворено утре во Скопје

Првиот промотивен настан на заедничката кампања на Европската Унија и Совет на Европа, „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ ќе се одржи утре од 12 до 14 часот во дворот на средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Утрешниот настан ќе биде посветен на младите, а целокупната кампања се фокусира на борбата против говорот на омраза. „На настанот ќе присуствуваат млади...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...