По повод 9 мај – Денот на Европа, во сабота (7 мај) во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се организира Концерт на млади бендови на кој ќе учествуваат седум средношколски бендови.
Концертот ќе започне од 12 часот напладне и ќе трае до 17 часот, а ќе настапат бендовите „Црно собрание“, „Резонанца“, „Улично радио“, „Zanadu“, „Exhibit A“, „DIBS“ и „Visionary Records“.
Проектот е поддржан од Europe House Skopje.
Денот на Европа се прославува уште од 1964 година по предлог на Советот на Европската Унија. Празникот претставува потсетник на мирот и единството на Европа, што Европската Унија официјално го одбележува на 9 мај секоја година.