четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Фросина Ташевска Ременски | 21 резултати

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Јанева, Ременски и Спасовски за падот од 24 места на индексот за корупција

јануари 25, 2017

Назадувањето на листата на „Транспаренси интернешнел“ е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски како технички министер во МВР и на работењето на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика, обвини на партиска прес-конференција Даниела Рангелова, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека враќањето на СДСМ на власт би […]

Ибрахим Ибрахими од денеска е нов министер за труд и социјална политика

декември 29, 2016

Досегашниот заменик-министер, Ибрахим Ибрахими, од денеска е нов министер за труд и социјалната политика, по преземањето на функцијата од техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски. „Од денеска (29 декември 2016 г.), во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменик-министерот во Министерството за труд […]

Спасовски и официјално си замина од МВР, нов министер е Агим Нухиу

декември 29, 2016

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и официјално повеќе не е министер за внатрешни работи, откако претпладнево, како што потврдија за „Мета“ од МВР, му ја предал министерската функција на Агим Нухиу, кој досега беше заменик-министер во МВР. Со ова Нухиу, кој е кадар на ДУИ, е првиот Албанец што доаѓа на позицијата министер за внатрешни […]

Спасовски и Ременски ја чекаат ДИК за да се збогуваат со министерските функции

декември 12, 2016

Со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија (ДИК), автоматски им завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри во министерствата за внатрешни работи, труд и социјална политика, министерствата за земјоделство, шумарство и водостпанство и за администрација и информатичко општество. Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу […]

Ременски нареди да не се подготвуваат решенија за права од социјална заштита

декември 5, 2016

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска упати писмена наредба до директорите на меѓуопштинските центри за социјална работа за итно запирање на подготвувањето на секаков вид решенија поврзани со правата од социјалната заштита, соопшти кабинетот на министерката. Во наредбата, како што стои во соопштението, министерката побарала центрите за социјална работа итно да достават […]

Советот на ССМ го смени Митревски и на негово место избра в.д. претседател

ноември 23, 2016

Живко Митревски повеќе не е претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), а за вршител на должноста синдикален лидер е избран Дарко Димовски, соопшти денеска ССМ. Митревски, како што појаснуваат од ССМ, бил разрешен од функцијата на седница на советот, која била одржана пред точно десет дена, односно на 13 ноември. Според соопштението од […]

Ташевска-Ременски: 134 починати лица од Тетово примале парична помош

ноември 23, 2016

Мнистерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, информираше дека за 134 починати лица од Тетово и од Тетовско и по нивната смрт се исплаќал паричниот надомест за помош и нега од друго лице. При тоа, како што појасни Ременски, извршена е неоснована исплата на 1.818.996 денари или близу 30.000 евра. „Центарот за социјални работи во […]

АВРМ бара извинување од Ташевска-Ременски, во спротивно ќе ја тужи

ноември 1, 2016

Агенцијата за вработување на Република Македонија соопшти дека тврдењата што денеска ги изнесе министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, на прес-конференцијата, се лаги и клевети и побара извинување. Од Агенцијата велат дека ќе поднесат тужби за клевета и за навреда доколку Ташевска-Ременски не се извини. „Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, […]

Спасов и Поповски да понесат одговорност за неодговорното однесување, порача Ременски

ноември 1, 2016

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска ги повика сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста, храбро да […]

Ременски: Ставрески ја кочи исплатата на средства за ранливи категории на граѓани

април 25, 2016

Министерката за труд и социјална политика во оставка, Фросина Ташевска-Ременски, го обвини министерот за финансии, Зоран Ставрески, дека ги кочи проектите во Министерството за труд и социјална политика. Според неа, тој е главниот кочничар на исплатата на средствата што одредени категории граѓани ги очекуваат од Министерството за труд и социјална политика. – И покрај уредно и навремено […]

Владата повторно ги поништила актите на Ременски и на Спасовски

април 16, 2016

Владата повторно ги поништила одлуките на министрите од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски, на седница во четвртокот, информираат од секторот за односи со јавноста на Владата. Како што пишува во соопштението, поништени се актите кои министрите ги донеле од 7 до 14 април. – Актите се поништени бидејќи не се донесени во согласност со дополнителните […]

Ременски: 50 отсто застапеност на жените во политиката до 2020 година

март 8, 2016

„Со измените на Изборниот законик на Македонија, се изборивме за 40 проценти застапеност на жените во политичкиот живот и во процесите на одлучување, кандидирање и на избирање на важни позиции. Стратегија на идната влада е континуирано зголемување на тој процент до 50 отсто до 2020 година“, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Фросина […]

Димитриев ги достави оставките на министрите од СДСМ до Собранието

февруари 23, 2016

Техничкиот премиер задолжен за организирање на предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев, попладнево до Собранието ги доставил оставките на министрите и замениците-министри од редовите на СДСМ во техничката Влада. Димитриев ги доставил оставките на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, и на дополнителните заменици-министри, Кире Наумов за […]

Ременски: Решени повеќе проблеми на лицата со инвалидност и со попреченост

февруари 13, 2016

Потпретседателката на СДСМ и техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска во општина Струмица оствари средби со граѓаните и со невладини организации, кои ги претставуваат интересите и правата на лицата со инвалидност и со попреченост на територија на општина Струмица. – Разговаравме за повеќе прашања. На средбата беа изнесени повеќе барања до […]

Спасов: Ременски ќе одговара за лажно пријавување

февруари 2, 2016

„Ременски се расфрла со празни листови хартија за да ги исполни партиските наредби и прави обид јавноста да стекне лажен впечаток дека мора да поднесе кривични пријави. За овој хаос што го прави ќе одговара за кривично дело лажно пријавување“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов на поднесените 13 кривични пријава од […]

Ременски поднесе 13 кривични пријави и иницијатива до Советот на судии

февруари 2, 2016

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, објави дека денеска до Основното јавно обвинителство Скопје и Основните јавни обвинителства во Берово, Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш, Ресен, Струмица, Штип и во Битола, поднела вкупно 13 кривични пријави. Дванаесет кривични пријави се за разрешени директори на јавните установи за социјална заштита, а другата кривична пријава е […]

Министерката Ременски поднесе кривична пријава против Диме Спасов

декември 28, 2015

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ремески, денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против поранешниот министер Диме Спасов и службеничка вработена на пробна работа во министерството. Кривичната пријава што ја поднела Ременски ги товари Спасов и службеничката за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата. Како […]

Страна 1 од 1