fbpx

Спасов и Поповски да понесат одговорност за неодговорното однесување, порача Ременски

-

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска ги повика сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста, храбро да одговорат за секоја нивна постапка.

– Очигледно е дека во Република Македонија, лицата носители на политички функции одамна не знаат за своите постапки да понесат одговорности, наместо тоа се затскриваат зад превезот на моќ, која оваа власт ја наметнува сиве овие 10 години – рече Ташевска-Ременски.

Министерката порача дека јавноста очекува овие двајца функционери да се појават пред очите на граѓаните, да дадат одговори на многу прашања кои се, пред сè, од јавен интерес.

– Дополнителниот заменик-министер досега молчи. Господине Поповски, Вие како директор на Агенцијата за вработување, исто така должите многу одговори! Одговорете ѝ на јавноста зошто и како возилото кое направи неколку сообраќајни прекршоци се најде во рацете на Диме Спасов? Возилата кои вчера ги обелоденивме во јавноста не се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, ниту, пак, биле дадени со некаков си договор во октомври 2015 година. Хипотетички, зошто би се вратиле на користење возила на Министерството кои краток период пред октомври 2015 година, со одлуки на Влада, објавени во „Службен весник“, Ви се доделени Вам? Која била потребата од носењето на тие одлуки, кои Владата ги разгледувала на седница и утврдила да Ви се доделат Вам? – рече Ташевска-Ременски.

Таа при тоа информираше дека веднаш по повторното преземање на функцијата министер за труд и социјална политика формирала комисија за вонреден попис на возниот парк и на моторните возила на министерството.

– Комисијата констатираше дека за седум возила не е направен физички попис, меѓу кои и четири на АВРМ, бидејќи истите со одлука на Влада ви се доделени вам, на Агенцијата за вработување.  Тоа е констатирано и во извештајот што го подготви комисијата за попис. Уште еден факт говори спротивно на она што Вие го изјавивте во текот на вчерашниот ден дека Министерството ги поседува четирите возила, меѓу кои и „туарегот“. Тие никаде не фигурираат во прегледот на регистрирани и осигурани возила од страна на Министерството за труд и социјална политика – рече Ташевска-Ременски и уште еднаш јавно повика на одговорност.

Министерката ги повика Спасов и Попвски да покажат доблест и да понесат одговорност, бидејќи со нивното однесување го уриваат угледот на Министерството и на Агенцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...