fbpx

Ременски: Решени повеќе проблеми на лицата со инвалидност и со попреченост

-

Потпретседателката на СДСМ и техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска во општина Струмица оствари средби со граѓаните и со невладини организации, кои ги претставуваат интересите и правата на лицата со инвалидност и со попреченост на територија на општина Струмица.

– Разговаравме за повеќе прашања. На средбата беа изнесени повеќе барања до Министерството за труд и социјална политика, како приоритетни прашања кон коишто треба да пристапиме да ги решаваме. За дел од нив ги запознав со заклучоците од работаната средба со Националниот совет на организации на инвалидизирани лица на Република Македонија од минатата недела и со сите активности на Министерството за труд и социјална политика веднаш по работната средба што ја имавме со здруженијата – рече Ременски.

Техничката министерка соопшти дека се обратиле до банките и до институциите со барање факсимилот за слепите лица да биде еден доказ во потврдување на нивниот идентитет, освен личната документација, при поднесување на барања до институциите.

– Очекуваме и банките и институциите што се соочуваат со ваква потреба од слепите лица да ги прифатат и да ги услушат нашите барања за да излезат во пресрет на нивните потреби. Дополнително се заложуваме да решаваме и индивидуални прашања на лица со попреченост, кои преку своите здруженија нотираат одредени несоодветни постапувања на државните органи и институции во однос на остварување на нивните права – рече техничката министерка.

Ременски соопшти дека го решиле и проблемот со кој се соочувале заштитните друштва односно фирмите што вработуваа инвалидизирани лица.

– Повеќе од 272 заштитни друштва повеќе од осум месеци чекаа средства за поврат на придонеси за повеќе од 2.704 инвалидизирани лица, кои од јуни минатата година ги немаа добиено средствата за придонеси од плата. Министерството за труд и социјална политика пред една недела го одблокира тој процес во министерството и еднократно кон заштитните друштва беше намирен долгот кој изнесуваше повеќе од 254 милиони денари. Тоа дополнително ќе придонесе и за охрабрување на фирмите да вработуваат инвалидизирани лица да се зголемува интересот фирмите да станат заштитни друштва, меѓутоа и лицата со инвалидитет што работат, навремено да си го добиваат повратот од средствата за придонеси – рече на средбата со организациите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...