fbpx

Ременски: Ставрески ја кочи исплатата на средства за ранливи категории на граѓани

-

Министерката за труд и социјална политика во оставка, Фросина Ташевска-Ременски, го обвини министерот за финансии, Зоран Ставрески, дека ги кочи проектите во Министерството за труд и социјална политика.

Според неа, тој е главниот кочничар на исплатата на средствата што одредени категории граѓани ги очекуваат од Министерството за труд и социјална политика.

– И покрај уредно и навремено потпишаните и доставени за исплата обврски кон граѓаните и други субјекти, од средината на март во трезорот во Министерството за финансии стојат нереализирани исплати кон граѓаните за породилно отсуство во висина од 195.069.448 денари, цивилна инвалидност 6.517.066 денари, мобилност и слепило 59.676.000 денари, постојана парична помош 30.132.282 денари, сместување во згрижувачко семејство 3.313.027 денари, парична помош за студирање 4.026.311 денари, детски додаток 10.291.042 денари, еднократна парична помош за новороденче 3.562.070 денари, родителски додаток за трето дете 207.723.161 денар, родителски додаток за четврто дете 11.729.412 денари, посебен додаток 35.783.890 денари, или за правата од социјална и од детска заштита за март, вкупно 375.051.571 денар – изјави Ташевска-Ременски.

Таа го повикува министерот за финансии, Зоран Ставрески, веднаш да ја одблокира исплатата на неисплатените права на граѓаните и да престанат манипулациите со ранливите категории на граѓани на кои овие сретства можеби им се единствени месечни примања.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...