fbpx

Спасов: Ременски ќе одговара за лажно пријавување

-

„Ременски се расфрла со празни листови хартија за да ги исполни партиските наредби и прави обид јавноста да стекне лажен впечаток дека мора да поднесе кривични пријави. За овој хаос што го прави ќе одговара за кривично дело лажно пријавување“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов на поднесените 13 кривични пријава од министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

„Ременски докажа дека нема елементарно познавање на правото бидејќи не знае дека при поднесување предлог за покренување кривична постапка покрај текстот кој е наведен, во истата потребно е да има и реална основа што ќе се поткрепи со докази и ќе се опише настанот каде е сторено дејствотo, како и времето и местото за да се утврди основата за покренување кривична постапка, а понатаму и да се докаже сторено кривично дело со кое настанала штета. Дополнителниот заменик-министер, писмено со известување ги има доставено решенијата за привремени мерки до незаконски разрешените директори и до в.д. директорите за нивно навремено информирање. Разрешените директори по добивањето на привремените мерки поднесоа барање за примопредавање бидејќи судот има донесено решенија за привремени мерки. Тие ниту направиле примопредавање, ниту насилно влегле во канцелариите на в.д. директорите. Други дејства не се преземани бидејќи се чека одлуката на Вишиот управен суд по жалбите поднесени од техничката министерка Ременски“, се вели во рекацијата на Спасов.

Спасов рече дека Ременски има рок од 48 часа да се извини за изнесените невистини и за изречените клевети и навреди, а во спротивно ќе ѝ бидат поднесени тужби за навреда и за клевета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...