fbpx
Таг: фондација Метаморфозис

таг: фондација Метаморфозис

Младите можат да се пријават на обука за проверка на факти што ќе се одржи месецов во Штип

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, го отвора четвртиот повик за учество на заинтересирани млади од Источниот и Североисточниот регион во Програмата за медиумска обука, „Дезинформации и проверка на факти“. Обуката ќе се одржи од 24 до 26 мај 2023 година во...

Во Струмица се одржа тридневна обука, младите учеа новинарство засновано на податоци и визуелизации

Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) од 26 до 28 април во Струмица ја спроведоа тридневната обука на англиски јазик „Новинарство засновано на податоци и визуелизации“. На обуката учествуваа 11 лица, првенствено студенти и млади новинари, од Вардарскиот и од Југоисточниот регион. Обуката ја водеа тројца новинари, предводени од еминентниот новинар...

Продолжен рокот за учество на обука и можност за патување во САД

Рокот за пријавување за учество на обука за Новинарство засновано на податоци и визуелизации на податоци е продолжен до 24 април. Младите кои ќе се пријават за учество, покрај тоа што ќе ја проследат тридневната обука, ќе имаат можност да поминат еден месец како практиканти во медиумите на Фондацијата Метаморфозис, а двајца од нив ќе заминат на еднонеделна посета...

Младите имаат уште седум дена за пријавување на обуката во Струмица за визуелизација на податоци

Младите од Вардарскиот и Југоисточниот плански регион имаат уште седум дена за пријавување на обуката за Новинарство засновано на податоци и визуелизации на податоци, која што ќе се одржи во Струмица во периодот од 26 до 28 април. Крајниот рок за пријавување е 17 април, а на обуката може да учествуваат сите заинтересирани новинари и млади на возраст до...

„АДА“, дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција кој ќе им дава информации на граѓаните за државната помош

Инвеститорите и граѓаните ќе можат да добиваат информации за програмите за државна помош на Владата на РСМ преку првиот дигитален асистент „АДА“ кој е базиран на вештачка интелигенција. Вака информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), по претставувањето на овој дигитален асистент на владина седница во февруари годинава....

ДЕБАТА: Без технологија не можеме, прашањето е како ги користиме социјалните мрежи

Самите треба да го исфилтрираме околниот свет во интернетот со кој комуницираме, а на лично ниво треба да создадеме сила за да се бориме против сите темни страни на социјалните мрежи. На нив треба да гледаме како на алатки зад кои стојат луѓе, кои мрачните работи ги вршеле и пред појавата на социјалните мрежи, само што тогаш не сме...

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Земјите од Западен Балкан немаат капацитети за заштита од кибер напади

Земјите од Западен Балкан имаат недостиг на капацитети за заштита од кибер напади, а владите немаат политичка волја да ги предводат процесите на ова поле. Ова, меѓу другото, беше констатирано на панел-дискусијата „Заедница отпорна на кибер напади“, во рамки на вториот ден од меѓународната конференција во организација на Фондацијата Метаморфозис „Дигитална трансформација за граѓаните“. Извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, кој...

Јашари: Политичките партии – извор на дезинформации во Северна Македонија

Главните извори на дезинформации во Северна Македонија се политичките партии и истите стануваат уште поопасни кога се комбинираат со дезинформации од странски агенти. Ова го посочи директорот на Фондацијата Метаморфозис – Бардил Јашари при гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21. Во Косово, според Шкелзен Османи од порталот за  проверка на фактите Хибрид.инфо, дезинформациите главно доаѓаат од медиумите што се...

Кибер отпорноста почнува со лична дигитална „хигиена“

Кога се зборува за кибер безбедноста, односно справувањето со кибер нападите и справувањето со дезинформациите, мерките за безбедност треба почнат со она што се нарекува основна лична дигитална хигиена, а потоа да се оди повисоко. Тоа подразбира, за секој поединец – ставете заштита, заклучување на телефонот или лаптопот; редовно ажурирајте го софтверот, инсталирајте заштитен софтвер на уредите; не отворајте...

Дигиталниот јаз во Западен Балкан може да се надмине од граѓаните за граѓаните

Вклучувањето на граѓанското општество во процесот на дигиталната трансформација на државите, но пред сè обучувањето на граѓаните е од посебна важност, затоа што со поголемо учество на организациите полесно може да се надмине дигиталниот јаз. Ова го истакнаа претставници на граѓански организации од Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора на панел дискусијата на тема „Од граѓаните...

Утре започнува меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“

Во хотелот „Мериот“ во Скопје утре и задутре ќе се одржи меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат, при што дел од учесниците ќе ја имаат можноста физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и Facebook Live. Конференцијата ќе ја отворат Славица Грковска, заменичка на...

Неделата на проверката на факти во 2023 во знак на борбата против дезинформации на различни фронтови

Фондацијата Метаморфозис и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 2 април - Денот на проверката на факти, при што во текот на целата оваа недела ќе се одржат редица настани за проверката на факти и во земјава и на меѓународно ниво.   ПРЕГЛЕД Овогодишниот Ден за проверка на факти поминува во период на засилен притисок од напливот на дезинформации и потребата...

Повик до младите од Вардарски и Југоисточен регион за учество на обука за визуелизации на податоци

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, го објави третиот повик за учество на млади новинари и сите заинтересирани млади на возраст до 29 години во Програмата за медиумска обука. Апликацијата за третата работилница на тема Новинарство засновано на податоци и визуелизации на...

ИНОВАЦИЈА: Млади направија апликација за пребарување на најблиската аптека со најевтин лек

Симеон Маркоски, Ева Аговска и Михаил Мојсоски од старт-ап организацијата „Startier“ се тројцата млади таленти кои ја изработија апликацијата „Најди Аптека“, преку која граѓаните можат едноставно и брзо да дојдат до информација за цената на лековите и медицинските производи во аптеките, како и за најблиската аптека до нив. Мета.мк разговараше со двајца од тричлениот тим - Симеон и Ева...

ДЕБАТА: Испит уште полагаме со хартиена пријава, дигиталните алатки во наставата се реткост

За да се запишеш на факултет, мора да ги однесеш документите во хартиена форма на студентски прашања, мора да имаш и хартиена пријава за да полагаш испит кај професор, а за да извадиш билет за бесплатен јавен превоз во ЈСП мора да однесеш хартиена потврда дека си студент. Од друга страна, користењето на дигиталните алатки во наставата е реткост,...

Конференцијатa „Дигитална трансформација за граѓаните“ ќе се одржи на 4 и на 5 април

Фондацијата „Метаморфозис“ и мрежата ИЦЕДА се организатори на меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“, што ќе се одржи на 4 и на 5 април во хотелот „Мериот“ во Скопје. Конференцијата ќе биде во хибриден формат. Некои од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите учесници ќе можат да ги проследат сесиите oнлајн, преку „Зум“ платформата. На овој...

Дебата за млади „Дигитализација во образованието“ ќе се одржи на 16 март во „Јавна соба“

Наредниот четврток, на 16 март, со почеток од 18 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дебатата за млади „Дигитализација во образованието“, во организација на Фондацијата Метаморфозис. На настанот ќе се зборува за можностите и предизвиците што ги носи дигитализацијата на образованието и за тоа дали и колку образовниот систем во земјава е подготвен за дигитална трансформација. Говорници на...

Во новата епизода на „Шорткат“ ги разоткриваме дезинформациите околу војната во Украина

Најраспространетите митови и дезинформации што изминатава година ја следеа руската агресија врз Украина се главна тема во новата епизода од „Зошто (не) е така“, а од која дел ќе емитуваме во вечерашното, 74-то по ред издание на вестите за млади „Шорткат“. За митовите и дезинформациите за војната во Украина зборуваат новинарки и познавачи на темата. Во новата епизода на „Шорткат“...

ДЕБАТА: Во ChatGPT не треба да гледаме опасност, туку можности за нов развој

Сме читале книги и филмови од научната фантастика во која вештачката интелигенција ја надминува човечката или успева да го потчини човекот, но во реалноста дигиталните асистенти базирани на конверзациската вештачка интелигенција може да бидат од полза за натамошен развој на компетитивните општества. Некои креативни професии би можеле да бидат загрозени од ChatGPT во иднина, но и пред три децении...

Познати соговорниците на дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“

Дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“ ќе се одржи на 22 февруари (среда), со почеток од 18 часот, во Јавна соба во Скопје. Настанот е од отворен тип, а на него ќе говорат Тамара Димитрова - предавач на Brainster Next College, Петар Фидановски - советник за ИТ стандардизација во Министерството за информатичко општество и администрација, Нино Карас...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...