четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ФИФА | 46 резултати

Шефот на УЕФА, Платини, добил понуда да се кандидира за претседател на ФИФА

јули 20, 2015

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, бил замолен од мнозинството шефови на светските фудбалски организации да се кандидира за нов претседател на Светската фубдалска организација ФИФА, јавува Радиото 5 на „Би-Би-Си“. Според информациите, на Платини му била гарантирана поддршката од неговата конфедерација, од Азиската, Јужна Америка и од Северна и Централна Америка и Карибите. Сега, како […]

Швајцарија им испорача на САД претставник на ФИФА

јули 16, 2015

Швајцарските правосудни претставници денеска соопштија дека на САД им ги испорачале претставниците уапсени во рамки на американската истрага за корупција во Светската фудбалска федерација (ФИФА). Швајцарската федерална канцеларија не ги објави имињата на испорачаните претставници. Извори на агенцијата „Ројтерс“ минатата недела соопштија дека Џефри Веб, поранешен потпретседател на ФИФА и претседател на фудбалската организација за […]

САД побараа екстрадиција на претставниците на ФИФА

јули 2, 2015

Швајцарските власти соопштија дека САД побарале екстрадиција на седумте претставници на ФИФА што во мај беа уапсени во Цирих. Федералниот оддел за правосудство ќе ги сослуша седуммината за барањето за екстрадиција, а потоа остануваат 14 дена за да се одговори на барањето, но би можеле да добијат и дополнително време од уште две недели. Барањето за екстрадиција […]

Интерпол ја суспендира соработката со ФИФА

јуни 12, 2015

Интерпол го суспендира своето десетгодишно партнерство со Светската фудбалска федерација ФИФА во вредност од 20 милиони евра. Од Интерпол е соопштено дека оваа група „ќе го замрзне користењето на финансискиот придонес на ФИФА“. Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека одлуката е донесена „во светло на актуелните настани поврзани со ФИФА“. Спогодбата вклучува клаузула […]

Директорот за комуникации на ФИФА ја напушта функцијата

јуни 11, 2015

Директорот на одделот за комуникации на ФИФА, Валтер де Гергорио, ја напушта функцијата, иако ќе остане да работи до крајот на годинава, како консултант. Соопштението доаѓа два дена откако Де Гергорио гостувал на една швајцарска телевизија каде кажа шега: „Во автомобил се возат претседателот на ФИФА, главниот секретар и директорот за медиуми. Прашањето е – […]

Швајцарската полиција ги запленила компјутерските податоци во седиштето на ФИФА

јуни 10, 2015

Светската фудбалска организација ФИФА им ги предала компјутерските податоци на швајцарските власти, кои водат истрага за доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и во 2022 година, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на свои извори. Податоците биле запленети од канцеларии во седиштетот на ФИФА во Цирих, меѓу кои, како што пренесува „Би-Би-Си“, и таа на […]

ФИФА го суспендира изборот за светскиот куп за 2026 година

јуни 10, 2015

ФИФА го суспендираше процесот на наддавање за Светското фудбалско првенство 2026. Фудбалската организација се најде на удар поради корупциски скандал поврзан со претходниот избор на земји. „Поради настанатата ситуација, сметам дека е бесмислено да почне процесот на наддавање, барем во овој момент. Тоа ќе биде одложено – рече генералниот секретар на ФИФА, Џером Волке, на прес-конференција […]

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер поднесе оставка

јуни 2, 2015

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, поднесе оставка од функцијата. Тој веста ја соопшти за време на прес-конференција во Цирих, Швајцарија. Блатер пред четири дена на гласањето на конгресот на ФИФА беше реизбран на позицијата и го освои петтиот мандант по ред. Два дена пред изборите за нов претседател на фудбалската асоцијација, седум високи функционери на ФИФА […]

САД: Ќе има нови обвиненија за криминалот во ФИФА

мај 31, 2015

Управата за приходи на САД тврди дека наскоро ќе покрене нови обвиненија околу криминалните активности во ФИФА. Американските власти пред неколку дена обвинија 14 лица за рекетирање, перење пари и за примање мито, од кои деветмина беа челници во Светската фудбалска федерација, додека петмина се директори на приватни корпорации, пренесе „Спортмедиа“ (спортмедиа.мк). – Верувам дека […]

Бомба во седиштето на ФИФА?!

мај 29, 2015

Швајцарската полиција спроведе истрага за заканата со бомба на Конгресот на Меѓународната фудбалска федерација во Цирих. Конгресот на ФИФА ќе одлучи денеска со тајно гласање за новиот претседател на таа организација, а во изборната трка учествуваат актуелниот лидер Сеп Блатер и јорданскиот принц Али бин Ал Хусеин.

Путин ги обвини САД за мешање во работата на ФИФА

мај 28, 2015

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД за мешање во работите на ФИФА и оти се обидуваат да го спречат реизборот на Сеп Блатер за петти претседателски мандат на чело на светската фудбалска федерација. Путин синоќа, на националната руска телевизија, рече дека апсењето на седум челници на ФИФА во Цирих врз основа на обвиненија од САД […]

Уапсени претставници на ФИФА во Цирих

мај 27, 2015

Швајцарската полиција утринава во Цирих уапсила неколку претставници на ФИФА поради обвинение за перење пари, ракетирање и за корупција во последните 20 години. Засега не е познато и официјално не е потврдено кој е уапсен. Светските медиуми јавуваат дека се уапсени шест претставници, а според „Њујорк тајмс“, претставниците ќе бидат испорачани во САД. Членовите на […]

Македонија на 108. место на најновата ранг-листа на ФИФА

март 12, 2015

На најновата, мартовска ранг-листа што денеска ја објави ФИФА, Македонија бележи нов пад од четири места и сега се наоѓа на 108. позиција. Македонската фудбалска репрезентација е во групата на 10 најслабо рангирани европски селекции. Подобро пласирани од македонската се фудбалските селекции на Фарски Острови (105), на Боцвана (106) и на Доминиканската Република (107). На […]

ФИФА ги казни Интер и Рома за кршење на ФФП

март 4, 2015

Италијанските клубови Интер и Рома се соочуваат со казна од Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради кршењето на финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесува „Газета дело спорт“. Како што се наведува, Интер би можел да биде казнет со околу седум милиони евра, но и со намалување на играчкиот кадар во следната сезона во некои од европските натпревари. Од […]

ФИФА ја ублажи казната за Барселона

февруари 17, 2015

И покрај казната што му е изречена на клубот, Светската фудбалска федерација (ФИФА) на Барселона ќе ѝ дозволи да реализира трансфери. ФИФА, во август 2014 година, ја казни Барселона поради нелегални трансфери на малолетни фудбалери со забрана за трансфери до јануара 2016 година и парично со 450.000 швајцарски франци. Барселона ја обжали одлуката на ФИФА во Судот за […]

Кристијано Роналдо ја доби „Златната топка“ за 2014 година

јануари 12, 2015

Кристијано Роналдо ја освои престижната награда на ФИФА „Златна топка“, со што беше прогласен за најдобар фудбалер за 2014 година. Кристијано Роналдо ги победи Германецот Мануел Ноер и Аргентинецот Лионел Меси. Ова за Роналдо е трета „Златна топка“ и со тоа ги достигна Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко ван Бастен. Само Меси има добиено […]

Македонија е на 101. место на ФИФА-листата

јануари 8, 2015

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ранг-листа на ФИФА и се наоѓа на 101. место со 327 поени. Ова е прва листа на ФИФА за 2015 година и не се забележуваат некои поголеми промени. Првите 10 на новата листа на ФИФА се со ист резултат. Прв на листата е актулениот светски […]

Јорданскиот принц се кандидира за прв човек на ФИФА

јануари 6, 2015

Потпретседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), јорданската принцот Али Бин ал-Хусеин, ја објави својата кандидатура за прв човек на организацијата. Противкандидати на азискиот претставник во ФИФА ќе му бидат актуелниот претседател, 78-годишниот Швајцарец, Сеп Блатер, кој го завршува својот петти мандат, и поранешен член на Комитетот на ФИФА, Французинот Жером Шампањ. – Се кандидирам за претседател […]

Тајна седница на ФИФА за смена на Блатер

декември 23, 2014

Тајна седница на раководството на Светската фудбалска федерација (ФИФА) со нејзиниот актуелен претседател Сеп Блатер се одржала во седиштето во Цирих, објави „Би-Би-Си“. Според медиумот, на седницата на која учествувале претставници на фудбалските конфедерации, водени се тајни преговори околу иднината на Блатер и тоа дали тој и натаму треба да остане претседател на ФИФА. Блатер […]

Милер: Ќе биде многу здодевно ако Роналдо повторно ја освои „Златната топка“

декември 3, 2014

Во борбата за „Златната топка“ останаа уште само тројца фудбалери. Веќе сме навикнати на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси, кои секоја година се во игра за престижната награда на ФИФА и на „Франс фудбал“, но годинава друштво на најголемите ѕвезди на Реал Мадрид и на Барселона ќе им прави репрезентативниот голман на Германија и на […]

Страна 2 од 3