fbpx

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер поднесе оставка

-

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, поднесе оставка од функцијата.

Тој веста ја соопшти за време на прес-конференција во Цирих, Швајцарија. Блатер пред четири дена на гласањето на конгресот на ФИФА беше реизбран на позицијата и го освои петтиот мандант по ред.

Два дена пред изборите за нов претседател на фудбалската асоцијација, седум високи функционери на ФИФА беа уапсени во Цирих под сомневање за примање мито.

Блатер порача и дека изборите за нов претседател на ФИФА ќе се одржат што поскоро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...