fbpx

Камперите поделени и околу предвремените избори

-

„Ова е првиот пораз на Груевски. Со зурли и со тапани ќе заминеме кога тој ќе си поднесе оставка“, вака камперите пред Владата ја коментираат денешната одлука за предвремени парламентарни избори, која лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ја договорија заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Без еуфорија, но со внимание и од двата кампа ја очекуваат конечната одлука, која треба да се донесе наредната недела во Брисел и да ги финализира преговорите.

– Добар почето, но за да донесеме некои заклучоци, треба да ја почекаме средбата во Брисел, да видиме таму што ќе се одлучи. Нема шанси да си заминеме оттука пред да ја слушнеме таа одлука. Ако не се договори предна влада која ќе ги организира предвремените избори, нема шанси да си заминеме. Не може еден од најкорумпираните ликови повторно да организира избори. Без преодна влада, не прифаќаме избори. Ова дава малку надеж дека може да се најде излез од кризата. Ако не се договорат за преодна влада и за оставка на Груевски, народот ќе крене револуција. Па, не седиме ние пред Влада за повторно истите личности да ни организираат избори – се коментарите на тие што кампуваат пред Владата.

Додека за едните оваа одлука е добар, за другите таа е лош знак. „Чуварите на демократијата“ пред Собранието велат дека предвремени избори не треба да има, туку да се чекаат регуларните и дека за техничка или преодна влада, никогаш ниту станало збор.

– Не се согласувам со предвремени парламентарни избори, мислам дека треба да има регуларни избори кога ќе им дојде време. Зарем  ќе организираме избори секогаш кога на СДСМ ќе им текне. Не се согласуваме со оваа одлука. Дијалогот е секогаш добар и треба конечно да се реши оваа криза. Добро е да има избори, но да ги организира оваа влада. За техничка влада никогаш не ни станало збор ниту, пак, премиерот би се сложил на преговори ако такво нешто се зборувало. Хан дојде со пакет мерки и мислам дека техничка влада не е дел од нив ниту, пак, од компромисот кој политичките партии треба да го постигнат – сметаат граѓаните од кампот спроти Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...