fbpx

Поради корупцискиот скандал, новите спонзори бегаат од ФИФА, старите бараат објаснување

-

Светската фудбалска организација, ФИФА, признала дека копуцискиот скандал што ја тресе организацијата ги одвраќа од ангажман новите спонзори за Светското првенство и дека за август се планира состанок со постојните финансиски поддржувачи, јавува „Би-Би-Си“.

„Моменталната ситуација не придонесува и не помага во финализирањето на кој било од новите договори“, изјавил генераланиот секретар на ФИФА, Жером Валке.

Претходно, клучниот спонзор „Виза“ ја нападна ФИФА за „недостиг од свест“ за сериозноста на обвинувањата за корупција.

Според Валке, августовскиот состанок бил на иницијатива на главните спонзори.

„Неколку спонзори, односно три, „Кока-кола“, „Мекдоналдс“ и „Виза“, испратија писмо во кое бараат информации“, рекол Валке, пренесува „Би-Би-Си“, додавајќи дека писмото го добиле пред два-три дена, во кое компаниите бараат заедничка средба.

Извршниот директор на „Виза“, Чарли Шарф, вчера во изјава ја изразил својата загриженост за ситуацијата, истакнувајќи дека неговата компанија ќе соработува само со оние „кои размислуваат и дејствуваат како нас“.

Шарф истакнал дека тој се обидел да се држи до највисоките стандарди, но дека не е сигурен дека истото го прави и ФИФА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...