fbpx

СДСМ: Прво ги исцедија фирмите и граѓаните, па сега ги ублажуваат казните

-

Опозицискиот СДСМ реагира на измените на Законот за прекршоци и вели дека е „добро што уплашената власт на Никола Груевски конечно ќе ги намали глобите, ќе воведе мерка опомена и скалест пристап во казнената политика“.

Од партијата посочуваат дека „погрешните и репресивни политики на Груевски ја донесоа најголемата сиромаштија од независноста на Македонија“.

– Со години укажуваме дека неразумните политики на власта на Груевски водат кон банкрот на граѓаните и на фирмите, што денеска е реалност. Затоа и зборувавме за потребата од опомена пред казна, предлагавме намалување на казните за 50 проценти и можност помалите фирми да плаќаат помали глоби. Во 2013 година, додека ги промовиравме овие мерки, власта затвораше фирми, изрекуваше глоби во илјадници евра, менуваше закони внесувајќи вртоглави суми казни.
Само за пример, парламентарното мнозинство на Груевски изгласа казни од 1.500 до 9.000 евра за најранливата категорија граѓани, мајстори, занаетчии кои работат за дневници од 150 денари. Поради ова огромен број мали и средни фирми се веќе со клуч на врата. Да не зборуваме за казните од 7.000 – 25.000 евра за лекарите, казните до 500 евра воведени со Законот за сообраќај и слични примери, што ги гласаше мнозинството на Груевски и ккои остануваат на сила – велат од СДСМ.

Во нивното соопштение се вели дека овие мерки од казнената политика, за кои се апелираше, се многу задоцнети – откако целосно ги исцедија фирмите и граѓаните. Според нив, нема логика да се примени скалеста казнена политика, а да не се примени скалеста даночна политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...