fbpx

Путин ги обвини САД за мешање во работата на ФИФА

-

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД за мешање во работите на ФИФА и оти се обидуваат да го спречат реизборот на Сеп Блатер за петти претседателски мандат на чело на светската фудбалска федерација.

Путин синоќа, на националната руска телевизија, рече дека апсењето на седум челници на ФИФА во Цирих врз основа на обвиненија од САД е „јасен обид да се блокира реизборот на Блатер за претседател“.

Обвинителството во Швајцарија покрена и посебна истрага за доделувањето на светскиот куп на Русија за 2018 година и на Катар за 2022 година.

Путин рече дека е свесен оти Блатер е под притисок поради неговата поддршка за Русија да биде домаќин на светското првенство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...