Поранешниот потпретседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џек Ворнер, доживотно е суспендиран од фудбал, соопшти денеска ФИФА.
Ворнер, за кого САД имаат поднесено барање за екстрадиција поради обвиненија за корупција, измама и за перење пари, е суспендиран бидејќи „континуирано ги кршел прописите додека бил на високи позиции во ФИФА“.
Американските власти кон крајот на мај побарале екстрадиција на Ворнер од Тринидад и Тобаго.