fbpx

Кристијано Роналдо ја доби „Златната топка“ за 2014 година

-

Кристијано Роналдо ја освои престижната награда на ФИФА „Златна топка“, со што беше прогласен за најдобар фудбалер за 2014 година. Кристијано Роналдо ги победи Германецот Мануел Ноер и Аргентинецот Лионел Меси. Ова за Роналдо е трета „Златна топка“ и со тоа ги достигна Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко ван Бастен. Само Меси има добиено четири вакви награди по ред, од 2009 до 2012 година.

Претходно ФИФА и „Франсфудбал“ ги прогласија идеалниот тим, односно најдобрите 11 фудбалери на светот за 2014 година.
Во составот, на голманската позиција се најде германецот Мануел Ноер, а одбраната е составена од Бразилците Тијаго Силва и Давид Луиз, Германецот Филип Лам и од Шапнецот Серхио Рамос. Како најдобри фудбалери од средниот ред се избрани Анхел ди Марија, Тони Крос и Андрес Иниеста. За најдобри напаѓачи прогласени се Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Арјен Робен.

Најмногу играчи, дури петмина, доаѓаат од шпанската Примера, а од англиската Премиер-лига само еден – Анхел ди Марија. Од италијанската Серија А нема ниту еден претставник во идеалниот тим на ФИФА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...