fbpx

Швајцарија им испорача на САД претставник на ФИФА

-

Швајцарските правосудни претставници денеска соопштија дека на САД им ги испорачале претставниците уапсени во рамки на американската истрага за корупција во Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Швајцарската федерална канцеларија не ги објави имињата на испорачаните претставници.

Извори на агенцијата „Ројтерс“ минатата недела соопштија дека Џефри Веб, поранешен потпретседател на ФИФА и претседател на фудбалската организација за Јужна и за Централна Америка, се согласил да биде испорачан во САД за да се соочи со обвиненијата за корупција.

„Првиот од седумте претставници на ФИФА кои се во притвор во Швајцарија, на 15 јули е испорачан на САД“, се наведува во соопштението на правосудните органи.

Во соопштението се додава дека тој е предаден на тројца американски полицајци во Цирих и сите отпатувале за Њујорк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...