fbpx
Таг: ЕУ интеграција

таг: ЕУ интеграција

Дрита Абдиу – Халили: На 15 септември започнува процесот на ажурирање на скринингот РСМ-ЕУ

Со официјалниот почеток на преговорите РСМ-ЕУ на 19 јули годинава, се наметна потреба од итна консолидација на механизмот за координација за управување со пристапниот процес, како клучна алка за обезбедување координација и поддршка на сите реформи кои се однесуваат на процесот на европска интеграција и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација-асоцијација. Во врска со преговарачката структура и нејзината подетална функција,...

Контраспин: Проблемот не е во Договорот со Бугарија, туку во промената на однесувањето на Софија од 2019 година

Доколку со или без референдум С. Македонија се повлече од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, преговарачкиот процес со ЕУ, кој сè уште е само формално започнат, ќе биде блокиран сè до постигнување на нов договор, кој, потоа, логично е да се претпостави, ќе доведе и до потреба за изменета преговарачка рамка со ЕУ. Не треба голема експертиза...

Пендаровски: Италија со поддршка на политиката на проширување на ЕУ и неспорна поддршка за нас

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, кој допатува во официјална посета на земјава. По тет-а-тет, односно индивидуалната средба на двајцата шефофи на држави, се се одржа и состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Италија, по што претседателите Пендаровски и Матарела одржаа заедничка прес-конференција. На средбата била...

Јарослав Лудва: Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан

Aмбасадорот на Чешка во Северна Македонија, Јарослав Лудва денеска на 41-вата седница на Комисијата за европски прашања ги претстави Програмата и Приоритетите за работата на Чешкото претседателство со Советот на Европската унија за втората половина на 2022 година. Тој нагласи дека Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и ја потврди...

Борел и Блинкен го поздравија францускиот предлог: Духот на конструктивен компромис треба да инспирира

Жозеп Борел, потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика и Ентони Блинкен, државниот секретар на САД во заедничка изјава го поддржаа францускиот предлог. „Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Северна Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба и разбирање. Суверената одлука на...

Дојче веле: Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата

Според документацијата до којашто дошло Дојче веле, Бугарското Министерство за надворешни работи смета дека е проблематично тоа што Северна Македонија добила „чист“ македонски јазик во Преговарачката рамка, но францускиот предлог го смета за нешто на што не можело ни да се надева до пред само 6 месеци. Бугарското МНР е незадоволно што во Преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик,...

Пред Владата во Скопје продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“

Пред Владата во Скопје синоќа продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските ЕУ интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е...

Ковачевски: Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки, ќе дебатираме и во парламентот

Имаме позиција за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Како и протоколот да не биде во преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Коваевски на денешната прес конференција, по средбата со партнерите од владината коалиција на која се дискутираше за францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. „Денешниот состанок е прв од...

Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Италија е за одвојување на преговорите на Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ, соопшти денеска во Брисел италијанскиот премиер Марио Драги по состанокот на Европскиот Совет во Брисел, пренесе „Јуроњуз“. Северна Македонија и Албанија официјално сѐ уште се ставени во иста рамка за преговорите за членство во ЕУ, а со кревањето на бугарското вето за земјава што се...

Петков од Брисел: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор, порача бугарскиот премиер пред оставка Кирил Петков од Брисел, каде учествува во состанокот на Европскиот Совет, пренесе бугарската телевизија бТВ. Тој ја повика македонската влада „да ја поведе својата нација“. Петков изјавата ја даде откако бугарскиот парламент денеска усвои резолуција за кревање на ветото. Резолуцијата го прифаќа францускиот предлог, но наметна...

Бугарскиот парламент конечно се собра за да расправа за францускиот предлог и кревањето на ветото

Првпат откако изгласа недоверба на владата на Кирил Петков, бугарскиот парламент денеска успеа да оствари кворум и започна пленарната седница, на која првата точка на дневниот ред е разгледување на францускиот предлог за кревањето на ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, пишува mediapool.bg. Беа внесени три предлога за резолуција, и тоа првиот на Движењето...

Пред решавањето за кандидатскиот статус, Украина повеќе стравува од засилување на руската офанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија ќе ги засили своите напади врз Украина во следниве денови, кога официјален Кијив го очекува епилогот на барањето ЕУ да додели кандидатски статус. Со овој чекор Украина ќе го започне својот пат кон членство во ЕУ, што може да трае многу години. Во своето редовно ноќно видео-обраќање до нацијата, Зеленски рече оти среде...

Францускиот предлог пристигнал во Бугарија, бугарските политичари засега одбиваат да го кренат ветото

Предлогот на Француското претседателство со ЕУ за надминување на бугарското вето за почетокот на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ стасал до Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и вчера се дискутирало за него во парламентарната Група за пријателство со Франција, јави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на два независни извора од парламентот. БНР поседува примероци...

Пендаровски до Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното

Со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија, што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја-членка кон земја-кандидат за членство од билатерални причини, не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од Западен Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување...

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите, врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година, нагласил премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во рамките на Преспа форумот за дијалог. На средбата присуствувале вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и...

Ескобар: Со партнерите работиме на брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

„САД силно ја поддржуваат брзата интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Работиме со европските партнери за да обезбедиме тоа наскоро да се случи“, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на прес-конференцијата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи. Ескобар посетата на Северна Македонија ја почна со средбата со претседателот...

Заев и Гаши ја објавија коалицијата: Имаме стабилно парламентарно мнозинство

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска потпишаа Договор за ново и стабилно парламентарно мнозинство и за учество на Алтернатива во составот на Владата. Алтернатива вчеравечер ја донесе одлуката да влезе во владината коалиција. Постигнатиот договор за владата со Алтернатива се однесува до крајот на 2024 година, а оваа партија во идниот владин кабинет ќе раководи со...

Меркел вели треба време за да се постигне договор меѓу С. Македонија и Бугарија

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ со лидерите од Западен Балкан во Словенија, порача дека не можат веднаш да се преземат решенија за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, поради тоа што во Бугарија допрва треба да се одржат парламентарни и претседателски избори. „Тука стана јасно дека следниот чекор што треба да се преземе...

Посетата на Фон дер Лајен и Вархеји не значи напредок во евро-интеграциите

По претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Скопје пристигнува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како дел од нивната балканска турнеја. Иако престојот на двајцата политичари од врвот на ЕУ во земјава може да се чини како напредок во евро-интеграциите, тоа не е така. За воља на вистината, Дер Лајен вчера спомена дека целта е...

Заев обвини дека бугарското вето е неевропско однесување, за Захариева „вето“ е погрешен збор

Ветото на Бугарија, иако досега потврдуваше дека ги исполнуваме критериумите, е неевропски начин, неевропско однесување, а нејзиниот став е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ, порача премиерот Зоран Заев во денешното обраќање до нацијата, откако вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ не го донесе посакуваното одобрување на преговарачката рамка за Северна...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...