среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: државен буџет | 21 резултати

Порталб анализа: Јавни претпријатија, државни фирми и општини добивале „буџетска помош“ без критериуми и контрола

мај 16, 2022

Иако се работело за милионски суми на пари кои се трошеле од Буџетот за помош на фирмите и на граѓаните во ковид здравствената криза – дел од средствата односно економските мерки не содржеле податоци за тоа како биле планирани, искористени, неискористени, колкав бил износот на имплементација, а постоеле и математички неусогласености, пишува Порталб.мк. Ова е само […]

Државата повеќе добива од даноците отколку што троши за заштита на животната средина [инфографик]

октомври 11, 2021

Растат приливите во државната каса од даноците за животна средина. Во 2019 година во буџетот се слеале 219.084.552 евра, односно била платена рекордна сума на даноци во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Една година претходно, во 2018 година биле инкасирани 209.190.164 евра, додека во 2014 година по овој основ […]

За субвенции за вградување плин во возилата догодина би се одвоиле само 210.000 евра

ноември 17, 2020

Просечната старост на автомобилите во земјава постојано расте, бројот на увезени половни возила во континуитет се зголемува, а за влијанието на транспортот во аерозагадување во градовите често критикуваат еколошките здруженија и граѓанските иницијативи. И покрај сето ова, Министерството за економија за наредната година предвидува да одвои само 13 милиони денари (околу 210.000 евра) за субвенции […]

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

октомври 16, 2020

Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени избори за градоначалници на општините Штип и Пласница подготви нов Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали што се заинтересирани за емитување на платено политичко рекламирање пред одржувањето на изборите на 13 декември. Во него, запишани се дури 52 интернет портали, 11 телевизии, две радио станици и […]

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

октомври 7, 2020

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, […]

МРТ догодина очекува да добие 1 отсто од државниот буџет, но за ова нема одговор од државните институции

септември 14, 2020

Македонската радио-телевизија (МРТ) очекува догодина да добие финансиски средства во износ од еден отсто од реализираните вкупни приходи на државниот буџет за годинава. Јавниот радиодифузен сервис ја објави Предлог-годишната програма за работа за 2021 година, во која се наведува дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги догодина треба да добијат значителни повисоки средства […]

Наплатата на даноците во јуни е помала за 6,7 проценти во однос на истиот месец лани

јули 1, 2020

Управата за јавни приходи (УЈП) бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти, а намалување има речиси кај сите даноци, освен кај данокот на личен доход, кај кој, има повисока наплата од 1,8 проценти споредено со јуни 2019 година, одговори на новинарско прашање, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Намалување од 17,3 […]

Македонија ќе добие 66 милиони евра од ЕУ за справување со корона вирусот

март 25, 2020

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, на својот Твитер профил објави дека Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија во борбата против корона вирусот со средства во висина од 66 милиони евра. Од нив, 4 милиони евра се наменети за итни потреби, 50 милиони евра за социо-економско опоравување, 9 милиони евра за приватниот сектор […]

Владата ќе бара над 580 милиони евра од странски банки и фондови за справување со корона кризата

март 22, 2020

Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека владата наредната недела ќе обезбеди над 580 милиони евра од странски банки, Меѓународниот монетарен фонд и од Светската банка за одржување на ликвидноста на буџетот и за гарантирање на одржувањето на работните места во земјава. Владата на вчерашната седница го усвоила планот на Министерството за финансии во делот […]

Железницата заглавена во минатото – поволностите за патување со воз ретко се обновуваат

март 16, 2020

Владата секоја година дели субвенции за одржување на патничкиот железнички сообраќај, а Железници на РСМ – Транспорт не успева да привлече поголем број на патници во возовите. Лани со македонските возови патувале само 549.000 патници, што е еден од најлошите резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во нашата земја. Математичката пресметка покажува дека во […]

Стејт департмент: Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите

март 12, 2020

Американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за човековите права во Македонија за 2019 година нагласува дека владата лани постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари. […]

Патнички возови сѐ помалку, министерството вели секоја година давало доволно средства (инфографик)

декември 15, 2019

Железници на РСМ – Транспорт догодина ќе добие 430 милиони денари за покривање на загубите од патничкиот железнички сообраќај во 2020 година, но ваквите субвенции нема да бидат единствените што ќе ги добијат за редовно сообраќање на патничките возови. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ потенцираат дека со секој ребаланс на државниот буџет […]

И догодина ќе нема доволно субвенции за патничките возови

ноември 25, 2019

Железници на РСМ – Транспорт догодина од државниот буџет ќе ја добие идентичната сума како и годинава за субвенционирање на патничкиот железнички сообраќај. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на минатонеделното презентирање на проектираниот буџет за ресорот транспорт за 2020 година посочи дека државната железница ќе добие 430 милиони денари (седум милиони евра) за […]

Вкупно 139.009 вработени во јавниот сектор

март 30, 2018

Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија, во акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени. Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешниот брифинг. Иако не е целосно функционален Регистарот на вработените […]

Владата на Груевски потрошила 130 милиони евра за реклами, промотори и за „роуд шоуа“

септември 16, 2017

Претходната влада потрошила повеќе од 31 милион евра од буџетот на државата за рекламирање на бизнис-потенцијалите на земјава во странски медиуми, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. На прес-конференцијата, Бошњаковски ги објави податоците за сумите од буџетот што претходната влада ги потрошила за привлекување странски инвестиции во земјава. Како што истакна портпаролот […]

Владата го усвои ребалансот на буџетот, се очекува Собранието да го изгласа до Илинден

јули 7, 2017

Влaдата на денешната седница го усвоила ребалансот на државниот буџет за 2017 година, кој ќе биде доставен во Собранието на Република Македонија, кое треба да го изгласа, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Како што рече премиерот, ребалансот е резултат на сеопфатната и детална анализа на Министерството за финансии, а целта, истакна тој, е да се отстранат […]

Поповски: Владини реклами нема да има, а МРТВ ќе се финансира само од буџет

јуни 23, 2017

Една од клучните мерки на Владата е јавниот сервис МРТВ да не биде дел од комерцијалниот пазар и да биде финансирана од буџетот на државата, рече министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на денешната конференција на тема „Иднината на комерцијалните ТВ-канали на национално ниво: Која е формулата за успех?“, во организација на Македонскиот […]

Страна 1 од 1