fbpx

Македонија ќе добие 66 милиони евра од ЕУ за справување со корона вирусот

-

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, на својот Твитер профил објави дека Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија во борбата против корона вирусот со средства во висина од 66 милиони евра. Од нив, 4 милиони евра се наменети за итни потреби, 50 милиони евра за социо-економско опоравување, 9 милиони евра за приватниот сектор и 3 милиони евра за директна поддршка на државниот буџет.

„Сите ние сме заедно во борбата против овој злобен вирус. Во ова тешко време, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија“, напиша евроамбасадорот Жбогар.

Македонската влада уште пред неколку дена најави дека очекува Европската Унија да одвои средства за нашата земја за справување со корона вирусот. Воедно, министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека владата ќе повлече 87 милиони евра што ѝ стојат на располагање од Меѓународниот монетарен фонд, додека од Светската банка како средства за развојни политики ќе повлече околу 100 милиони евра. Како заем до издавање на планираната државна еврообврзница, нашата земја планира да подигне и заем од 400 милиони евра од странските банки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...