fbpx

Вкупно 139.009 вработени во јавниот сектор

-

Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија, во акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени. Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешниот брифинг.

Иако не е целосно функционален Регистарот на вработените во јавниот сектор, за чие воспоставување во 2014 и 2015 година се дадени 2,15 милиони евра, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), бројките ги добило со вкрстување на податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), Агенцијата за вработување, агенциите за привремени вработувања и Фондот за здравствено осигурување.

Граф

Без АРМ, МВР и Агенцијата за разузнавање, бројката на вработените од државата и локалните власти изнесува 109.304, додека во акционерските друштва во државна сопственост се вработени 8.633 луѓе од вкупната бројка.

Според податоците, од вкупната бројка од 139.009 луѓе кои добиваат плата од буџетот, 59,96 отсто се вработени на локално ниво, а 40,03 на централно. Од нив, 54 отсто се жени, а 46 отсто мажи.

По националност, 75,36 отсто се Македонци, 19,31 отсто Албанци, Турци се 1,84 отсто, Роми, 1,14 отсто. По образование, 42,45 се со факултетска диплома, со средно се 34,81 отсто, а со осново се 9,67 отст. Магистри се 4,45 отсто.

Најмногу вработени има во образованието – 32 отсто, во здравството се 18 отсто, а во државната управа се 15 отсто, додека во локалната власт се 5 отсто.

– Ова е првпат да се објави вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, вклучително и оние привремено вработени и вработените во акционерските друштва во државна сопственост.  Притоа, со привремени вработувања сега се 1.624 луѓе, за разлика од април 2017 година, кога биле 2.064 – рече Манчевски.
Граф4

Тој и државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија објаснија дека се очекува наскоро да профункционира целосно Регистарот на вработените во јавниот сектор, а според нив, доаѓањето до овие бројки не било лесно, затоа што голем број од корисниците на буџетот или не знаеле како да внесат податоци или пак не го сметале тоа за важно.

Како што рече Јахија, новите мерки да се ограничи исплаќањето на платата доколку не се достават податоците бил клучниот потег за да се дојде до податоците.

– Со молење, инспекции, стимулација и обука, притискавме да се достават податоци. Решението да се ограничи исплатата на платата е екстремно решение, но е единствениот начин – рече Јахија.

Граф2ж3

Според Манчевски, од стапувањето на новата власт, нема партиски вработувања и сега се вработува само според потребите на институциите, а не според потребите на партијата, поради што во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се правеле и нелогични систематизации на работните места.

– Во текот на претходната власт, членовите на тогашните опозициски партии не смееја да помислат дека ќе бидат примени во јавниот сектор. За разлика од тогаш, сега шансите им се отворени да конкурираат, но истовремено се вработуваат и луѓе од ВМРО-ДПМНЕ – рече министерот.

Манчевски најави и дека во мај и јуни треба да почне создавањето на Централниот регистар на население, кој би профункционирал до крајот на годината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...