fbpx

Активистите предупредуваат: Во земјава не постои организиран скрининг за рак на грлото на матката

-

Месецот јануари е посветен за борба против ракот на грлото на матката, а од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ се жалат дека Владата го намалила буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2023 година за 2 милиони денари во однос на 2022 година.

„На крајот од месец јануари Програмата за рана детекција на малигни заболувања се уште не е објавена во Службен Весник на РСМ, што значи дека се уште не се знаат ниту планираните активности, ниту целната возрасна група на жени кои треба да бидат опфатени со скринингот“, стои во соопштението на Здружението ЕСЕ.

Активистите потенцираат дека во Северна Македонија секоја година умираат околу 40 жени од рак на грлото на матката, додека над 350 жени годишно се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и се подложени на агресивни третмани со хемотерапија и зрачење поради тоа што болеста е откриена во напредна фаза.

„Поразително е сознанието дека сите овие смртни случаи и лекување со агресивни третмани може да се спречат, доколку промените бидат навремено откриени. Но државата наместо да ги зголемува финансиските средства и да го зголемува опфатот на жените со програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, бележиме кратење на буџетските средства за оваа намена“, се наведува во соопштението на ова здружение.

Поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година, со скрининг на рак на грло на матката биле опфатени само 22 отсто од жените од целната возрасна група, што е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија кој изнесува над 75 отсто од жените.

Во 2022 година Министерството за здравство го укина праќањето на покани до жените за да направат гинеколошки преглед со ПАП тест и ја воведе интернет платформата skrining.mk за жените сами да се пријавуваат за преглед со ПАП тест.

Се поставува прашањето дали оваа мерка претставува унапредување или уназадување на Програмата за скрининг, велат од Здружението ЕСЕ. Согласно на изјавите од Министерството за здравство во 2022 година на само 12.194 жени им е направен ПАП тест по пат на закажан преглед преку интернет платформата, што претставува само 10 отсто од целната возрасна група.

„Закажување на прегледи по дигитален пат претставува особена пречка за ранливите категории на жени. Истражувањето кое го спроведе ЕСЕ во 2022 година покажа дека само 24 отсто од жените од руралните средини и 16 отсто од жените Ромки имаат потполна можност самостојно да закажат гинеколошки преглед преку интернет страна. На оваа состојба влијае можноста за пристап до интернет, пристап до дигитален уред, како и нивото на дигитална писменост,“ вели Борјан Павловски од Здружение ЕСЕ.

Со цел да се намали стапката на откривање на ракот на грлото на матката во напредна фаза и да се намали смртноста кај жените од ова заболување, од Здружението ЕСЕ бараат итно зголемување на буџетот на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, зголемени активности за едукација на жените, како и предвидување на посебни активности на ниво на заедница за зголемен опфат на жените од ранливите групи.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
udemy paid course free download
download xiomi firmware
Download WordPress Themes
download udemy paid course for free