fbpx

Ковачевски и Бесими го претставија предлог-буџетот за 2023 година

-

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го презентираа предлог-буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет се обезбедува економска и енергетска стабилност, како и поддршка за граѓаните и компаниите во услови на светска економска и енергетска криза.

Според зборовите на премиерот Ковачевски, фокусот на предлог-буџетот за 2023 година е во неколку столба и тоа: справување со последиците од кризата и поддршка на најранливите, стабилен економски раст, поддршка и интензивирање на процесот на ЕУ интеграции, како и транспарентност и отчетност.

„Владината поддршка за справување со кризата, секако ќе продолжи. Сите антикризни мерки за заштита на стандардот, дополнителната финансиска поддршка за најранливите, како и мерките за одржување на цените на основните прехранбени производи, обезбедувањето на пониска цена на електричната енергија во однос на пазарната за регулираните потрошувачи, ќе продолжат и во текот на целата идна година. Од вкупниот буџет за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра“, изјави премиерот Ковачевски.

Предвидено е владата догодина да продолжи со усогласувањето на минималната плата со просечната и трошоците на живот, а ќе има и зголемувања на платите во образованието, како и зголемувањето на пензиите по новата утврдена методологија кое зголемување треба да се случи првиот квартал идната година.

„За пензионерите за следната година се издвоени дополнителни 120 милиони евра повеќе од 2022 или вкупно 1,2 милијарди евра за пензиите кои што се зголемени“, рече премиерот.

Во услови на криза, Ковачевски вели дека носители на економскиот раст ќе бидат капиталните инвестиции кои на среден рок треба да обезбедат позитивни ефекти и реално приближување кон европските економии.

Бидејќи овој буџет е позициониран како развоен буџет, за 2023 се проектирани 52,3 отсто повеќе капитални расходи во однос на 2022 година, додаде тој.

„Капиталните инвестиции во буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Знам дека во јавноста постои недоверба во однос на реализацијата на овие капитални инвестиции, но она што можам тука да го посочам е дека ова е мојот прв предлог буџет како премиер, прв буџет врз кој имам контрола за имплементација, и ве уверувам дека лично ќе се заложам да имаме максимална реализација“, изјави премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...