fbpx
Таг: директор

таг: директор

Директорот на ЈСП си заминува пет месеци по назначувањето, Град Скопје вели му истекол мандатот

По помалку од пет месеци од назначувањето од страна на градоначалничката Данела Арсовска, в.д. директорот на ЈСП-Скопје, Иван Илиевски заминува од директорското место на најзначајното јавно претпријатие во главниот град. Веста ја објави порталот СДК.МК, од каде наведуваат дека директорот Илиевски вчера ја доставил оставката до градоначалничката Арсовска. Од СДСМ, пак, соопштија дека наместо да воведе нови автобуси и бесплатен...

Вистиномер: Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми не избегал од државата

Oбвинителката Вилма Русковска претходно јавно зборуваше за пријавата со која е опфатен Муареми, по што во медиумите и на социјалните мрежи се појавија информации дека тој е во бегство. Муареми во изјава за ТВ 21 ги демантираше написите кои посочуваа дека избегал и рече дека тие имаат за цел да му го нарушат угледот. И Владата за „Вистиномер“ демантираше...

Почина претседателот на управниот одбор и генерален директор на АДИНГ, Благоја Дончев

Вчера почина Благоја Дончев, долгогодишниот претседател на управен одбор и генерален директор на АДИНГ, информираат од компанијата за производство и пласман на хемиски материјали за градежништвото. „Неговото лидерство, високата работна етика и вредностите кои ги вгради во темелите на компанијата, денес се нераскинлив дел од нејзиниот код. Беше енергична личност, учител и пример за многу генерации професионалци позади него, несебично...

Изречени мерки за директорот на училиштето „Лазо Ангеловски’“ поради насилство кон вработена

Постоење на насилство од страна на директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје кон вработена во истото училиште, утврди Граѓанскиот суд во Скопје. Пресудата е резултат на тригодишна борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар. „Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2019 објавија извештај во кои побараа институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот...

Контраспин: Ги назначува Владата, ама требало да ѝ се поклонат на партијата!

Владата ја спинува вистината и сака да претстави дека заради мир во владината коалиција, нешто најнормално на свет е „позицијата директор на државниот Инспекторат за животна средина да е во политичка надлежност на партијата ДОМ“. Но, тоа воопшто не е нормално. Во конкретниот случај, излегува како ДОМ да има врвни ингеренции врз Инспекторатот, а не Владата. Тоа не е...

Во акција на хрватската полиција, утрово уапсен директорот на ХРТ, Казимир Бачиќ

Во акција на хрватската полиција и Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал, рано утрово во Загреб се уапсени повеќе лица, меќу кои е и главниот директор на Хрватската радио-телевизија, Казимир Бачиќ, пишува порталот на „Јутарњи лист“. Според неофицијални информации, станува збор за сомневања за сторени кривични дела направени за време на поранешната градска администрација, од крајот на...

ДФРМ: Симеон Мони Дамевски избран за нов директор на фестивалот „Браќа Манаки“

На вчерашното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ФРМ), едногласно беше избран новиот директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, актерот Симеон Мони Дамевски. Според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот. „Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што...

Разрешен директорот на ЦЈЗ Скопје, Арбен Зибери, нов в.д. директор е Александар Стојанов

Министерството за здравство информира дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери. На негово место е назначен епидемиологот д-р Александар Стојанов. „Одлуката следува откако Зибери на својот профил на Фејсбук, пласира неточни изјави изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот...

Пламенка Бојчева: Отворени сме за соработка за заштита на слободниот пристап до информациите од јавен карактер

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер завршила речиси 800 предмети заостанати од 2018 и 2019 година и постапувањето по жалбите на барателите на информации тече редовно во рамки на утврдените законски рокови, вели директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева во интервју за „Мета.мк“. Во 2020 година во Агенцијата се пристигнати вкупно 209 жалби по...

Корупцијата во (не)платеното образованието, на учениците им се земаат пари на незаконски начин

Некои по 50 денари, а другите по 100 денари, така, според учениците, некои средни училишта во Северна Македонија, со години противзаконски земале пари од учениците, за да овие добијат свидетелството. Иако сите директори кои ги контактиравме негираат такво нешто, „Порталб.мк“ обезбеди порака на еден професор кој бара пари од учениците за ова, а разговаравме и со неколку ученици. За нив, оваа практика веќе...

Средношколците се жалат дека класните раководители им барале пари за свидетелства, директорите негираат

Според Сојузот на средношколци на РСМ, класните раководители во средните училишта во државава на учениците им барале пари за свидетелства, во спротивно учениците не ги добивале истите сè додека не ја платат предвидената такса. Во Сојузот на средношколци сметаат дека барањето пари од учениците го загрозува јавниот и бесплатниот карактер на државното образование. „Знаевме дека овие појави се случуваат поради...

Закажани трите „директорски“ седници на Комисија за избор и именувања

Претседателот на собраниската Комисија за избор и именувања, Илија Димовски, за денеска закажа три седници на комисијата, на кои се очекува да се избере главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија. Ревизорите работат без директор речиси две години, при што во изминатиов период во неколку наврати реагираа вработените, но и граѓанските организации. На другите две седници на собраниската комисија...

Вклучувањето на политичките партии ја отвора можноста за менување на Законот за информации од јавен карактер

Одложувањето на изборот на директор на Агенцијата за информации од јавен карактер, според новинарите и експертите за транспарентност, ја отвора можноста за менување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова се случува поради тоа што со стапување во сила на овој закон, политичките партии ќе бидат исто така обврзани да објавуваат информации во случај граѓаните,...

Политиката го кочи спроведувањето на новиот Закон за пристап до информации

Заедно со државниот ревизор, заложник на политичките договарања е и изборот на директор на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер. Новиот закон ќе стапи на сила на 30 ноември, со што ќе престане да функционира Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, пишува „Порталб.мк“. Важноста на изборот на директор и функционирањето...

Брзо да се изберат раководители во државните заводи и агенции, бараат граѓанските организации

Платформата на граѓански организации против корупцијата денеска побара од Собранието бргу да се завршат процедурите за избор и именување на раководство на Државниот завод за ревизија, на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер и на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Овие институции, кои се исклучително важни во обезбедување на контролата на трошењето на...

Грчки медиуми „се запалија“ поради сонцето од Вергина, кое веќе го нема во ЈП „Водовод и канализација“

Еден грчки медиум викендов излезе со обвинувања дека во канцеларијата на генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација - Скопје“ сè уште стојат тепихот и слика на ѕидот на коишто се наоѓа сонцето од Вергина. Написот е придружен со фотографии коишто би требало да го докажат тоа - но станува збор за многу стари фотографии, а сега во канцеларијата на...

Кривична пријава за директорот на МРТ оти го заложил имотот на куќата

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) поднесе кривична пријава против директорот на Македонска радиотелевизија (МРТ), Марјан Цветковски, но поради дело од 2015 година, кога исто така беше директор на јавната радиодифузна куќа. Финансиска полиција го товари Цветковски дека во 2015 година без да побара и да добие согласност од Собранието, кое е основач и...

Кривични пријави за дел од поранешниот менаџмент на охридската Oпшта болница

СВР Охрид поднесе кривични пријави против поранешни директор и помошник директор за економски работи во Општата болница во Охрид поради тоа што овозможиле докторантка да отсуствува од работа поради специјализација многу подолго од законски предвиденото. Тие се товарат за несовесно работење во службата, а кривична пријава има и за докторантката. „Од ноември 2013 до август 2017 година, 62-годишниот Љ.А. и...

Котевски останува директор на „Шутка“ до завршување на претседателските избори

Владата на 123. седница го констатираше поднесувањето на оставката од страна на директорот на Истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, информираат од таму. „Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик“, се вели во...

Зоран Ангеловски едногласно предложен за директор на ОТА

Собраниската Комисија за избори и именување го избра поранешниот разузнавач Зоран Ангеловски за директор на Оперативно техничката агенција (ОТА) во која треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, која досега беше во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). По изборот во Комисијата, следува гласање на пленарна седница во Собранието. Законот за ОТА (Оперативно техничка агенција) беше донесен на 12...