fbpx

Брзо да се изберат раководители во државните заводи и агенции, бараат граѓанските организации

-

Платформата на граѓански организации против корупцијата денеска побара од Собранието бргу да се завршат процедурите за избор и именување на раководство на Државниот завод за ревизија, на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер и на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Овие институции, кои се исклучително важни во обезбедување на контролата на трошењето на јавните пари, усогласеноста на институциите со регулативата, и правото на пристап до информации, се предолго оставени без раководство или членови и тоа создава големи ризици по борбата против корупцијата, реагираат од Платформата.

Граѓанските организации потсетуваат дека Државниот завод за ревизија е без раководство од декември 2017, Агенцијата за пристап до информации од јавен карактер подолг период нема членови и има само директор, како и дека Дирекцијата за заштита на личните податоци е без директор од мај годинава.

„Ваквата состојба остава значајни ризици по борбата против корупцијата – која треба да е клучна заложба на пратениците во Собранието како претставници на граѓаните и заштитници на јавниот интерес. Пред изборите намалената, или дисфункционалноста на овие тела е дополнителен ризик. ДЗР има директна улога во контролата на финансирањето на партиите и кампањите, а правото на пристап до информации од јавен карактер мора да биде обезбедено за новинарите, невладините и граѓаните во претстојниот период за да се зголеми транспарентноста на изборите“, се вели во повикот.

Истовремено, Платформата бара при именувањето на раководните структури на овие институции, Собранието да ја направи постапката транспарентна, и да им овозможи на пратениците на јавен распит да ги испитуваат потенцијалните кандидати.

„Со ова, на пратениците ќе им се даде можност во целост да ја исполнат својата улога на носење одлуки – преку проверка, информирање и воспоставување контрола на процесот“, се вели во повикот на граѓанските организации од Платформата, кои на пратениците им понудија можност за соработка и консултации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...