fbpx

Потребен е модел за државно финансирање на НВО што ќе им обезбеди поголема одржливост и поголем интегритет

-

Една од реформите кои Европската комисија побарала да се направат од Владата во извештајот објавен во мај, во областа на невладините организации, е и поширокото усогласување на даноците кои се однесуваат на НВО. Стручњаците велат дека треба да се најде соодветен модел за третирање на даноците на НВО во Македонија, пишува „Порталб.мк“.

Во извештајот на Европската комисија се вели дека „Владата треба да направи понатамошни напори за да обезбеди финансиска одржливост на НВО, како што се пошироко усогласување на даноците и јавно предвидливо финансирање“.

Според невладините организации, одреден чекор кон подобрување на даночните закони беше автентичното толкување на член 115 од Законот за данок на личен доход (персоналец) донесен од Парламентот со поддршка на Владата. Меѓутоа, ова не е доволно, и велат дека треба да се најде соодветен модел за третирање на даноците на НВО. Исто така, потребен е нов посебен закон за данокот на НВО за да не се третираат исто како и профитабилните и непрофитабилните организации.

Во последните две години, одржани се неколку јавни дискусии и НВО ги имаат предадено нивните анализи за тоа, во кој дел од законите е потребно да се интревенира со цел да можат да се обезбедат соодветни даночни закони за НВО. Но, не се знае кога тие закони ќе бидат донесени.

„Нов закон за сметководство за непрофитабилните организации е во постапка на изготвување, ние настојуваме, за нас, доколку не може да има Закон за сметководство, треба да има некој дополнителен закон кој што посебно ќе го уредува начинот на вршење сметководство на НВО. Досега се базиравме на Законот за сметководство кој важеше за сите, и за профитабилните и за непрофитабилните организации, ова е нов закон кој е во фаза на подготовка, не е завршен, не е ниту во фаза на донесување. Министерството за финансии со директно учевство на членови на НВО го работи текстот на новиот закон“, вели директорката на Институтот за Отворено Општество – Македонија, Фани Каранфилова Пановска.

Од друга страна, од Секретаријатот за европски прашања велат дека е донесен Законот за изменување и дополнување на Законот данок на добивка („Службен весник на РМ“ бр. 248/18), со кој во член 4-а се уредува даночното третирање на регистрираните организации според Законот за здруженија и фондации, а во тек е подготовката на подзаконските акти.

– Со подзаконските акти ќе се овозможи цивилните организации да информираат за износите на вкупните приходи од непрофитабилните дејности како и за вкупните приходи од остварените дејности во текот на работната година – вели Ермира Сулејмани од Секретаријатот за европски прашања.

Важна точка е и креирањето на еден транспарентен и кредибилен модел на финансирање со државни пари и еден единствен фонд за институционален развој на НВО.

– Ние мислиме дека со јавни средства се подразбираат парите кои актуелно постојат во буџетот или во буџетите на општините и се наменети за НВО, бидејќи начинот како се планираат парите и начинот за нивно трошење не зависи од систематски начин, не е транспарентен, понекогаш не е функција на тоа што се стратешките предности на самата држава. Ова е причината заради која велиме дека е потребно да се создаде еден модел за државно финансирање на НВО што ќе обезбеди поголема одржливост на НВО од една страна, и нивен поголем интегритет од друга страна – истакнува Каранфилова – Пановска.

Таа вели дека потребно е да се има целосна транспарентност и одговорност, но треба да се обезбедат механизми на начин што распределбата на овие јавни средства за НВО нема да го загрози нивниот интегритет и независност.

– Државата треба да го зголеми делот со кој ги финансира НВО, да има предвидлив, организиран систем или фонд, и да обезбеди дополнително кофинансирање – додава таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...