На вчерашното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ФРМ), едногласно беше избран новиот директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, актерот Симеон Мони Дамевски.
Според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот.
„Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера“, информираат од ДФРМ.