Изречени мерки за директорот на училиштето „Лазо Ангеловски’“ поради насилство кон вработена

-

Постоење на насилство од страна на директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје кон вработена во истото училиште, утврди Граѓанскиот суд во Скопје. Пресудата е резултат на тригодишна борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар.

„Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2019 објавија извештај во кои побараа институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“. Во извештајот беше побарано: надлежните институции, особено Министерството за образование и наука и Општина Аеродром да ги испитаат индициите и да постапат според истите, имајќи го предвид најдобриот интерес на детето и водејќи се од начелото дека заштитата и превенцијата од родово заснованото насилство и насилството врз жени и девојки треба да биде императив во образовниот процес. Сепак, и покрај сите укажувања, директорот сѐ уште е на својата позиција во училиштето, а вработената во текот на оваа година добила отказ,“ се вели во соопштението.

Од Коалиција „Маргини“ објаснуваат дека вработената во ова училиште, после сите обиди да ги заштити нејзините права на ден 25 февруари годинава преку адвокатката Марта Гусар, до Основен Граѓански суд Скопје, поднесува Предлог за изрекување на времени мерки за заштита од родово базирано насилство – домашно насилство, поддржано и од страна на ЈУМЦСР  на Град Скопје со предлог за изрекување на времени мерки за заштита, против директорот Перо Арсеновски од Скопје.

„По спроведување на судска постапка од страна на судот констатирано е постоење на насилство од страна на Перо Арсеновски со што изрешени се времени мерки за заштита од семејно – домашно насилство, како спрема вработената, така и спрема членовите на нејзиното семејство и двете малолетни деца кои впрочем се ученици во истото училиште. Изречени мерки: Му се забранува на Перо Арсеновски да се заканува дека ќе стори семејно насилство; Му се забранува на Перо Арсеновски да ја малтретира, вознемирува и да врши семејно насилство врз неа; Му се забранува да ја вознемирува и телефонира; Му се забранува да ги вознемирува членовите на нејзинот семејство, и двете малолетни деца,“ се додава во соопштението.

Времените мерки се изречени во времетраење од 6 месеци, започнувајчи заклучно од 2 септември, а жалбата не го одлага извршувањето на ова решение.

„Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздравуваат оваа одлука на Граѓанскиот суд во Скопје и ги потсетуваат институциите, особено локалната власт, дека образовните институции и средини не смеат да го толерираат, игнорираат, а уште повеќе поддржуваат родово заснованото насилство,“ велат од таму.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...