fbpx
Таг: дигитализација

таг: дигитализација

МОН: Апсурдно е да се протестира против напредок во образованието

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано, но сепак, причината поради која се користи ова право не е оправдана, велат од МОН по повод протестите на дел од родителите во Скопје и во другите градови, кои се против дигитализацијата во образованието. „Апсурдно е да се протестира против дигитализација на...

Порталб: Талкањето по шалтери продолжува, Владата сè уште не подготвила апликација за дигитална идентификација

Без оглед на ветувањето на Владата, чекањето пред шалтери продолжува, пишува Порталб. Како што објавува порталот на албански јазик, апликацијата за дигитална идентификација, со која ќе им се овозможува на граѓаните на Северна Македонија да добијат документи без да треба да го потврдат нивниот идентитет со физичко присуство, туку истото да го направат од далечина, односно преку компјутер, лаптоп...

Царовска вели протестот е уставно загарантирано право, но промените во образованието мора итно да почнат

По најавените протести на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ и најавениот марш во Скопје за в сабота, министерката за образование и наука Мила Царовска денеска рече дека протестите и иницијативата за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право. Сепак, таа додаде дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот...

Порталб: Законот за дигитални книги со европско знаме сè уште не е стигнат до Комисијата (документ)

Законот за учебници и други дидактички материјали, со кој се предвидува дигитализација на учебниците, откако беше вратен од Собранието, ќе биде повторно пратен деновиве, но не во Комисијата за образование и наука, туку во Комисијата за европски прашања, бидејќи истиот ќе се испрати со европско знаме. Ова значи дека опозицијата нема да може да го блокира законот со бесконечни...

Противниците на дигиталните учебници во сабота на протест, бојкотот на наставата во мирување

Од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска од пред Министерството за образование и наука го најавија протестниот марш што ќе се одржи на 15 мај (сабота) во Скопје, паралелно со најавените протести во неколку градови низ земјава. Тие велат дека бојкотот на наставата ќе биде прекинат, за, според нив, да им се даде можност на децата...

МОН: Целта на реформите е да се обезбеди образование по светски стандарди

По најавите за протести низ земјава кои дојдоа од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, од Министерството за образование и наука (МОН) одговорија дека јавно и транспарентно одговориле на барањата кои оваа група ги доставила минатата недела како услови за повлекување од намерата за поттикнување на учениците да ја бојкотираат наставата. Од МОН преку соопштение за јавност...

По бојкотот на наставата, сега се најавуваат протести низ земјава против дигиталните учебници

Од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска најавија организирање на протести низ земјава, како и „Мирен марш“ во Скопје откако до крајот на денешниов ден, тие не добиле официјален одговор од Министерството за образование и наука (МОН) по однос на нивните барања доставени и разговарани на работната средба одржана на 6 мај со претставници на МОН....

Порталб: МОН гарантира дека училиштата ќе обезбедат книги за учениците кои сакаат да учат од печатени книги

Во новиот предлог-закон на Министерството за образование и наука (МОН), кој е достапен на ЕНЕР, со кој се предвидува дигитализација на книгите, никаде не пишува дека учениците од четврто одделение во основното училиште имаат можност да изберат дали ќе учат со дигитални или печатени книги, и покрај фактот што тоа го најави министерката Мила Царовска. Ова предизвика забуна и...

ИКТ Комора: Дигитализацијата на образованието треба да биде инклузивен процес

фото ИКТ Комора
Информациските и комуникациските технологии, ако се користат на соодветен начин, можат да придонесат за значително подобрување на квалитетот на животот, работата и на создавање нови вредности, со што се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии. Ова го посочува Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија, а во врска со полемиките во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците...

Бојкотот на наставата ставен во мирување, од МОН велат дека дигитализацијата ќе се спроведе

онлајн настава
Родителите од иницијативата и Фејсбук-група „Настава и учебници мора да има“ денеска одржаа средба со претставници на Министерството за образование и наука на која се разговарало за неколку точки. Тие на средбата побарале задолжителна употреба на хартиени учебници во основното и во средното образование, исклучување на родово-сензитивното образование, создавање соодветни услови за децата со нетипичен развој, креирање протоколи за...

МОН апелира до средношколците да не ја бојкотираат наставата, Законот за учебници не ги засегнува нив

Министерството за образование и наука (МОН) упатува апел за разумност и повторно приклучување на наставата на изолирани групи на ученици во неколку училишта во државата, кои по насоки од родителите и старателите ја бојкотираат наставата. „Дигитализацијата на материјалите за учење е дефинирана во новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали и предвидено е истата да се случува...

Истражување на Рурална коалиција: Околу 60 отсто од земјоделците преферираат издавање на услуги на шалтер

Недостаток на доверба во системот, недоволна транспарентност на софтверите за аплицирање, како и ниска дигитална и компјутерска писменост се најчестите пречки со кои се соочуваат земјоделците при дигитализирање на услугите поврзани со земјоделството. Над половината од земјоделците преферираат услуги на шалтер бидејќи немаат доверба во електронските услуги и нивната валидност. Ова го покажува истражувањето на Рурална коалиција за нивото...

МОН: Граѓаните и родителите да не подлегнуваат на политички манипулации за Законот за учебници

Министерството за образование и наука (МОН) денеска информираше дека не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Истиот ќе биде на дневен ред на Влада, а потоа ќе биде доставен и до Собранието, велат од министерството, од каде што уште еднаш реагираа...

Маричиќ: Целосно ќе се дигитализираат 34 судови и над 120 судници, се воведува и онлајн судење

Бојан Маричиќ
Дигитализацијата на судство и реформите во правосудниот систем беа во фокусот на денешната заедничка прес конференција на премиерот Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев. Министерот Маричиќ, ги претстави планираните активности за дигитализација на судството. „Целосно ќе се дигитализираат 34 судови и над 120 судници. Преземаме обврска да обезбедиме средства за одржување...

МОН: Дезинформација е дека дигитализацијата има за цел да го замени учењето на училиште со онлајн учење

По денешната прес-конференција на Сојузот на средношколци во врска со дигиталните учебници, од Министерството за образование и наука излегоа со појаснување и потсетуваат дека од следната учебна година се воведува комбиниран модел на примена на материјалите за учење, кој ќе се имплементира сукцесивно во следните неколку години. Ова решение не предвидува дигиталниот учебник да биде единствена опција за учениците,...

Во новата учебна година учениците од четврто одделение освен хартиени, ќе добијат и е-учебници

Новиот Закон за учебници ќе обезбеди квалитетни материјали за учење, а воедно нуди и комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници, согласно потребите и можностите на учениците и семејствата. Секој од родителите којшто смета дека нема да може неговото дете да учи електронски, ќе може да си го испечати учебникот и нема да има никаков проблем. Ова...

Дигитализацијата е неопходна и се унапредува, но треба да се работи и на зголемување на свеста за неа

Дигитализацијата е важна не само сега, во услови на криза туку и во иднина, а унапредувањето на медиумската писменост и дигиталната трансформација ќе биде исклучително важна. Ова е генералниот заклучок од денешната конференција на тема „Дигитализација на услугите во областа на образованието“ во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП). На настанот, министерката за образование и наука, Мила Царовска...

Едукативен центар за новинари, развиена дописничка мрежа и присуство на социјалните мрежи – МРТ го планира развојот до 2025

Македонската радио-телевизија (МРТ) ја објави Петгодишната стратегија за развој на јавниот сервис за периодот до 2025 година. Неколку значајни новини предвидува МРТ во нејзиното работење во наредните пет години, со кои се надеваат дека јавниот сервис ќе има многу поголема улога во општествениот развој и севкупните случувања во земјава. Планиран е натамошен развој на дописничката мрежа на МРТ од земјава,...

Прв јавен повик на ФИТР за дигитализација на земјоделството со буџет од 6 милиони денари

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го објави првиот јавен повик за дигитализација на земјоделството. Буџетот за таа намена изнесува 6 милиони денари (97,5 илјади евра) за четири проекти. Овие средства се од Програмата за рурален развој од која се издвојувале досега по еден процент. Максималниот износ за секој корисник е по 1,5 милион денари или 90 проценти од висината на...

„Скопска“ да носи поволности и да се плаќаат други услуги во градот, јавниот превоз со тоа ќе привлече патници

Електронскиот систем за наплата на билети и картичката „Скопска“ во скопскиот јавен превоз беше воспоставен во 2015 година и од тогаш до денес нема никакви измени во неговото функционирање, со исклучок на променетиот дизајн на картичките. За разлика од Скопје, околните главни градови од регионов воведоа многу поволности и нови услуги со ваквите картички за граѓаните, кои допринесуваат за...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...