fbpx
Таг: Џо Бајден

таг: Џо Бајден

Бајден бара Путин да се соочи со судење за воени злосторства по убиствата во Буча, Русија негира геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден повика на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди за воени злосторства, бидејќи се појавија докази за злосторствата наводно извршени од руските сили во Украина, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си. Гневот на меѓународната заедница се зголемува поради наводните убиства на цивили во Буча, град во близина на главниот град Киев. „Овој тип е брутален“, рече Бајден...

„Русија се обидува да направи Северна и Јужна Кореја во Украина“

Русија сака да ја подели Украина на два дела, како што се случи со Северна и Јужна Кореја, изјави во неделата шефот на военото разузнавање на Украина, ветувајќи „тотална“ герилска војна за да се спречи распарчување на земјата, пренесе Ројтерс. Претседателот Володимир Зеленски го повика Западот да ѝ даде на Украина тенкови, авиони и проектили за да помогне во одбраната...

Експлозии и густ чад во Лвив, откажан полицискиот час во Киев

Неколку експлозии одекнале во градот Лвив на крајниот запад на Украина, при што над периферните делови на градот се извива густ чад, јави Би-Би-Си. Се уште нема подетални информации за причините на експлозиите во овој град што е на само 80 километри од границата на Украина со Полска. Во главниот град на Украина, Киев, пак градоначалникот Витали Кличко претпладнево нареди...

Вонреден самит на НАТО во Брисел, учествува и претседателот на САД Џо Бајден

НАТО денеска го одржува вонредниот самит во Брисел, на којшто ќе учествува и американскиот претседател Џо Бајден. Пред Самитот, Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг рече дека земјите-членки се согласиле на распоредување на четири нови борбени групи во источното крило, односно во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија. Овие четири борбени групи обично бројат по 1.000-1.500 војници. Столтенберг изјави дека воените...

Украина повторно го презема клучното предградие на Киев, беснее битката за Мариупол

Украинските сили рекоа дека рано во вторникот го вратиле стратешки важното предградие на главниот град, додека рускиот напад врз јужното пристаниште Мариупол беснееше со несмалено темпо, при што цивилите кои бегаа опишуваат немилосрдни бомбардирања и жртви на улиците, објави Ројтерс. Додека руските сили продолжија со опсадата на Мариупол откако бранителите на јужниот пристанишен град ги одбија барањата да се предадат,...

Вистиномер: Бајден не вели дека ,,излезот е Трета светска војна”

Американскиот претседател, Џо Бајден, во интервјуто се осврнува на санкциите кои што САД и ги наметна на Русија, а кои, според Бајден, се неопходни за да нема Трета светска војна. Вака пренесената порака е сосема поинаква од онаа во насловот од текстот кој го рецензираме, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Претседателот на САД Џо Бајден во интервју спроведено...

Бајден: Путин е агресор, ја почна оваа војна и тој и Русија ќе платат за тоа

Нема да влеземе во конфликт со Русија во Украина, но ќе воведеме дополнителни силни санкции и нови ограничувања за тоа што може да се извезе во Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Тој информираше дека наредил распоредување на дополнителни сили во земјите од источното крило на НАТО, така што 7.000 американски војници ќе заминат во балтичките земји, како и...

ЕУ со нови санкции кон Русија, НАТО на итен состанок по руската инвазија на Украина

ЕУ ќе воведе нови санкции кон Русија, додека НАТО ќе има итен состанок по почетокот на руската инвазија врз Украина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово остро го осуди рускиот напад врз Украина, којшто става во ризик безбројни цивилни жртви. „Ова е бескрупулозно кршење на меѓународното право и сериозна закана за евроатланската безбедност“, напиша Столтенберг на социјалните мрежи. https://twitter.com/jensstoltenberg/status/1496694134404534276 Американскиот претседател Џо Бајден...

Бајден убеден дека Путин одлучил да ја нападне Украина

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин донел одлука да ја нападне Украина. Но, исто така кажа и дека се надева дека може да се постигне дипломатско решение. „Од овој момент, убеден сум дека тој ја донел одлуката за инвазија на Украина“, рече Бајден на прес-конференција откако претходно имал 45-минутната конференција со неговите европски...

Генерал на САД: Руска инвазија на Украина би предизвикала голем број жртви

Највисокиот генерал на САД, Марк Мајли, вчеравчер на прес-конференција во Пентагон порача дека евентуална руска инвазија на Украина би била нешто „грозоморно“ и би предизвикала значителен број жртви. Истовремено, тој го отслика распоредувањето на 100.000 руски војници близу границата со Украина како најголем таков маневар по Студената војна, јави Би-би-си. На прес-конференцијата, генералот Мајли, кој е највисокиот воен советник на...

Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, предупредува за разорни последици

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, но смета оти Владимир Путин не сака „целосна војна“, јавува Би-би-си. Бајден на прес-конференција предупреди дека Путин ќе плати „сериозна и скапа цена“ за инвазијата, но и посочи дека упадот од помали размери може да се третира поинаку. Весникот Гардијан ја пренесува изјавата на Бајден, во која што тој...

Почнува Г-20 самитот во Рим: Своите барања ги искажаа и демонстрантите

Додека самитот на Групата 20 на водечките светски економски сили кој ќе се одржува оој викенд носи бројни глобални лидери во Рим, тој исто така привлече и отпуштени фабрички работници, активисти за заштита на климата, активисти за антиглобализација, синдикати, феминистички и други групи. Тие излегоа на улиците во знак на протест, пренесе Њујорк Тајмс. https://youtu.be/wHAkbRqE5u8 „Ќе нè има многу“, рече Џино...

Папата со порака пред почетокот на КОП 26, лидерите на Г-20 бараат итни мерки против климатските промени

На два дена пред почетокот на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги повика светските лидери на самитот во Глазгов да донесат итни и ефикасни одговори за еколошката криза, јавуваат светските медиуми. Тој предупреди дека климатските промени се досега невидена закана врз заедничкиот дом на сите луѓе. Папата денеска го прими...

Претседателот Џо Бајден го предлага Кристофер Хил за нов амбасадор на САД во Белград

Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше долгогодишниот искусен дипломат Кристофер Хил за нов амбасадор на САД во Србија, пренесуваат светските медиуми. За да биде назначен за амбасадор, номинацијата на Хил треба да биде потврдена од американскиот Сенат. Белградскиот дневен весник „Данас“ денеска пишува дека ваквиот потег на претседателот Бајден ќе значи отповикување на досегашниот американски амбасадор во Белград Ентони Годфри...

Или да се вакцинираат или секоја седмица да носат негативен тест, нови мерки за вработените во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, постави нови мерки за борба против ширењето на ковид-19, што налагаат вакцинирање на вработени во сојузните државни органи, но и на вработени во некои компании. Сепак, вакцинацијата не е задолжителна, оти невакцинираните вработени ќе може да одат на работа, но со алтернативна мерка - приложување на негативни ПЦР тестови од нивни тестирања секоја недела. Новите...

Денеска се одбележуваат 30 години независна и самостојна македонска држава

Три децении од независноста на земјава денеска ќе се одбележат во Скопје и ширум целата држава. На 8 септември 1991 година се одржа референдумот за независност, на кој над 96 отсто од населението во тогашна Социјалистичка Република Македонија одговори со „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз...

Бајден со честитка за Денот на независноста: САД остануваат силни поддржувачи на Северна Македонија

Во име на американскиот народ, го честитам Денот на независноста на Северна Македонија. Одбележувајќи ја оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им...

Вистиномер: Дезинформација е дека Бајден заспал на средбата со израелскиот премиер Нафтали Бенет

Манипулација со видео клипот од средбата, каде е прикажан само еден краток отсечен дел, резултираше со дезинформации во јавноста дека американскиот претседател заспал на официјалната средба, што е невистина пренесена и кај нас, пишува „Вистиномер“ во рецензијата на еден проблематичен Фејсбук-пост. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на Фејсбук во која се тврди дека претседателот на САД, Џо Бајден,...

Бајден и Путин ги пофалија разговорите, но несогласувањата остануваат

Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин постигнаа мал конкретен напредок на првиот меѓусебен состанок, јавува Би-би-си. Иако беа поздравени разговорите од страна на двајцата лидери, сепак претседателот Бајден по средбата рече дека било констатирани несогласувања, но и дополни дека Русија не сака нова Студена војна. Би-би-си пренесува дека разговорот траел околу три часа, што било помалку...

Почна разговорот на Бајден и Путин, може да трае до 5 часа

Претседателот на САД, Џо Бајден, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ја почнаа својата средба на брегот на Женевското Езеро. Всушност, станува збор за своевиден самит, оти ќе учествува и домаќинот, претседателот на Швајцарија, Гај Пармелин. Пред самитот, претседателите на САД, Русија и Швајцарија направија заедничка фотографија пред вилата „Ла Гранж“, каде што се одржува самитот. Според претходните најави од Кремљ,...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...