Маж застрела и уби две жени на паркингот на црква во државата Ајова во четвртокот, а потоа го сврте пиштолот кон себе, соопшти полицијата, додавајќи уште три мртви на билансот во серијата неодамнешни престрелки што ги потресоа Соединетите држави, извести Ен-Пи-Ар.
Пукањето во Ајова се случи кратко откако претседателот Џо Бајден одржа големо обраќање за оруженото насилство по масовните престрелки во Бафало, Њујорк; Увалде, Тексас и Тулса, Оклахома, во последните неколку седмици.
Во меѓувреме, во друго пукање во четвртокот се ранети две лица кои присуствуваа на погреб на гробиштата во Расин, Висконсин.
Пукањето во Ајова се случило пред црквата Корнерстоун, фундаменталистичка христијанска црква источно од градот Ејмс, додека внатре се одржувала црковна програма, изјави Николас Лени, главен заменик на канцеларијата на шерифот на округот Стори.
Кратко пред инцидентот, Бајден го повика Конгресот да го забрани јуришното оружје, да ги прошири проверките на позадината и да спроведе други мерки за контрола на оружјето за справување со масовните престрелки.
Доста, доста!“, рече претседателот.