Бајден го поздрави отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија

-

Соединетите Американски Држави ги поздравуваат чекорите што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница, и тоа преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, се вели во изјавата на американскиот претседател Џо Бајден.

„Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било e да се поддржи стремежот за Европа да е слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија“, изјави Бајден.

Американскиот претседател е на ставот дека САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер се додека овие држави работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото.

„Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ ​​во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии“, додава Бајден.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...