fbpx
Таг: Џо Бајден

таг: Џо Бајден

Бајден и Путин ги пофалија разговорите, но несогласувањата остануваат

Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин постигнаа мал конкретен напредок на првиот меѓусебен состанок, јавува Би-би-си. Иако беа поздравени разговорите од страна на двајцата лидери, сепак претседателот Бајден по средбата рече дека било констатирани несогласувања, но и дополни дека Русија не сака нова Студена војна. Би-би-си пренесува дека разговорот траел околу три часа, што било помалку...

Почна разговорот на Бајден и Путин, може да трае до 5 часа

Претседателот на САД, Џо Бајден, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ја почнаа својата средба на брегот на Женевското Езеро. Всушност, станува збор за своевиден самит, оти ќе учествува и домаќинот, претседателот на Швајцарија, Гај Пармелин. Пред самитот, претседателите на САД, Русија и Швајцарија направија заедничка фотографија пред вилата „Ла Гранж“, каде што се одржува самитот. Според претходните најави од Кремљ,...

Бајден пред Самитот на НАТО: САД имаат обврска кон своите сојузници

Американскиот претседател Џо Бајден пред почетокот на Самитот на НАТО во Брисел рече дека САД имаат „света обврска“ кон своите сојузници во Алијансата. Бајден ќе присуствува на Самитот на НАТО во рамките на неговото прво прекуокеанско патување како претседател на САД, јавува Вашингтон пост. Бајден пристигна во Брисел по неговото учество на тридневниот Самит на лидерите на Г7 во Англија,...

Бајден го претстави буџетот од 6.000 милијарди долари за социјални програми и борба со климатските промени

Американскиот претседател Џо Бајден го претстави најголемиот буџет на САД по Втората светска војна во висина од 6.000 милијарди долари, кои ќе бидат првенствено наменети за нови социјални програми и за борбата на САД против климатските промени, пренесува Би-би-си.  Планот вклучува постепено зголемување на стапката на даноци за побогатите Американци, која што пак ќе треба да ги полни со финансии...

Меѓународниот фармацевтски сојуз е против укинувањето на патентите за вакцините, предложено од Бајден

Меѓународниот сојуз на фармацевтски производители и асоцијации (ИФПМА) реагираше на поддршката на американскиот претседател Џо Бајден за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините против ковид-19, прогласувајќи ја за „погрешен одговор“ на комплексен проблем. „Отфрлањето на патентите за вакцината против ковид-19 нема да го зголеми производството или да донесе практични решенија за борба против глобалната здравствена криза. Напротив, тоа...

Бајден е првиот американски претседател што го призна геноцидот врз Ерменците, Турција бесна

Џо Бајден е првиот американски претседал кој официјално го призна геноцидот извршен врз Ерменците, по повеќе од еден век откако османлиските сили во 1915 и 1916 година убија околу 1,5 милиони Ерменци. За овој потег, претседателот Бајден го известил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор. Претходно, во 2019 година и Конгресот на САД го призна извршениот геноцид...

Бајден организира дводневен климатски самит, САД ветуваат кратење на емисиите за 50 отсто до 2030 година

Речиси 40 лидери од целиот свет, учествуваат на дводневниот климатски самит што го организира американскиот претседател Џо Бајден. На онлајн-настанот што се одржува под покровителство на Белата куќа ќе се обратат францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, како и коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс. САД и нејзиниот претседател Џо Бајден ветија дека до 2030 година ќе ги...

Бајден планира замена на сите 650.000 владини возила со електрични

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот вети дека ќе го замени возниот парк на американската влада од околу 650.000 службени возила со возила на електричен, бидејќи новата администрација ќе го насочи фокусот кон чиста енергија, пренесува Ројтерс. „Федералната влада поседува огромен возен парк, чии возила ќе ги замениме со чисти електрични возила направени токму во Америка од страна на американски...

Бајден го почна мандатот поништувајќи со извршни уредби дел од политиките на Трамп

Само неколку часа по положувањето заклетва вчера и влегувањето во Белата куќа, новиот претседател на САД, Џо Бајден, потпиша 15 извршни уредби, од кои голем дел се поништување на политиките на администрацијата на неговиот претходник Доналд Трамп. Меѓу првите акти на 46-от претседател се извршната уредба за враќањето на САД во Парискиот климатски договор од 2015 година, од кој Трамп...

Младата американска поетеса Аманда Горман „го украде шоуто“ на инаугурацијата на Џо Бајден

Помеѓу највпечатливите моменти од Денот на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден беше изведбата на младата поетеса Аманда Горман, која изведувајќи ја својата поема со моќен и енергичен настап, повика на единство и заедништво. По нејзиниот настап Аманда стана инстант супер-ѕвезда во САД, но и ширум светот. Вели дека самата еден ден ќе стане Претседателка на САД. Таа во...

Трамп замина од Белата Куќа

Досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп на неколку часа пред инаугурацијата, односно заклетвата на неговиот наследник Џо Бајден, денеска во условно земено неформални услови ја напушти резиденцијата и Кабинетот на првиот човек на САД и замина со претседателски хеликоптер кон воената база „Ендрјус“ близу главниот град на САД, од каде отпатува со претседателски авион на Флорида. Со тоа Трамп...

Бајден ќе ги врати САД во Парискиот климатски договор и ќе почне „отворање“ од ковид кризата

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира на неговиот прв работен ден во Белата куќа да потпише повеќе од 10 укази и наредби, меѓу кои и за враќање на САД во Парискиот климатски договор и прекин на забраната за патување од претежно муслимански земји, извести Си-ен-ен. Покрај другите одлуки со кои ќе се поништат претходни одлуки на Трамп што предизвикуваа...

Отповикувањето на Трамп половично – претседавачот на Сенатот нема да свика седница

Откако вчера доцна вечер по македонско време Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД со 232 гласа „за“, меѓу кои и 10 пратеници од Републиканската партија, и 197 гласа „против“ донесе одлука Трамп да биде отповикан од претседателската функција, постапката речиси сигурно нема да биде завршена и тој ќе остане на функцијата до 20 јануари, кога му истекува...

Трамп: Демонстрантите кои го прекршија Законот не ја претставуваат нашата земја

Како и сите Американци, револтиран сум од насилството и беззаконието при нападот врз Конгресот на САД. Америка е и секогаш мора да биде нација на редот и законот, вели Доналд Трамп во видео обраќање, на својот Твитер профил. „На демонстрантите кои се инфилтрираа во Конгресот: вие го осквернавивте седиштето на американската демократија. На оние кои се вклучуваат во акти на...

Конгресот на САД ја потврди победата на Џо Бајден, Трамп го призна поразот

Откако стотици приврзаници на претседателот Доналд Трамп вчера насилно упаднаа во Конгресот на САД, ноќеска по македонско време беше вратена контролата врз законодавниот дом и конгресмените се вратија на работа, па рано утрово ја потврдија изборната победа на новиот претседател на САД, Џо Бајден, јавуваат светските новински агенции. Конечната победа на Бајден над досегашниот претседател Доналд Трамп, кој се бореше...

Полициски час во Вашингтон, протестот на Трамп стана насилен, демонстранти упаднаа во Конгресот

Десетици илјади приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа денеска во Вашингтон во последен обид да обезбедат пресврт во резултатите од претседателските избори на кои победи Џо Бајден. Конгресот денеска водеше дебата по која требаше да ги потврди гласовите на електорите пред стапувањето на функцијата на Џо Бајден за нов претседател на САД. Во критичните попладневни часови во Вашингтон,...

Магазинот „Тајм“ ги прогласи Џо Бајден и Камала Харис за Личности на годината

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и неговата прва соработничка Камала Харис се одбрани за личности на годината, признание што традиционално секоја година го доделува магазинот „Тајм“. „Бидејќи тие ја менуваат американската приказна затоа што покажаа дека моќта на емпатијата е посилна од гневот и поделбата поради ширењето на визијата за заздравување во еден тажен свет, Џо Бајден и Камала Харис...

Бајден: Ќе бидам претседател кој нема да разделува, туку ќе обединува

Џо Бајден, во својот прв јавен говор по објавата на неофицијалните резултати од изборите во САД, рече дека неговата цел ќе биде да ја обедини нацијата. „Ветувам дека ќе бидам претседател кој не сака да разделува, туку да обединува. Кој не гледа црвени и сини држави, туку Соединети Американски Држави“, рече Бајден додавајќи дека е време да се стави крај...

Демократот Џо Бајден е избран за нов претседател на САД

Кандидатот на Демократската партија на САД, Џо Бајден е 46. Претседател на САД, јавија светските медиуми. Асошиејтед прес попладнево објави дека Бајден го поразил републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Изборот на новиот американски претседател доаѓа откако беа објавени резултатите во сојузната држава Пенсилванија, со што Џо Бајден освои вкупно 273 електорски гласа од неопходните 270 гласа за да биде избран...

Се бројат последните гласови, светот го очекува новиот претседател што ќе седне во Белата куќа

САД влегуваат во самиот финиш на пребројувањето на гласовите на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември. Кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден води според бројот на освоени гласови во четири од шесте држави во кои сè уште се бројат гласовите, кои би му овозможиле да го зголеми бројот на електорски гласови од постојните 253 на над 270,...

Столтенберг апелира сојузниците да не ја ограничуваат Украина да употребува оружје врз воени цели во Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју дадено за „Економист“, апелираше сојузниците да ги укинат ограничувањата за Украина да употребува оружје за да напаѓа воени цели во Русија. „Мислам...