Трамп замина од Белата Куќа

Досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп на неколку часа пред инаугурацијата, односно заклетвата на неговиот наследник Џо Бајден, денеска во условно земено неформални услови ја напушти резиденцијата и Кабинетот на првиот човек на САД и замина со претседателски хеликоптер кон воената база „Ендрјус“ близу главниот град на САД, од каде отпатува со претседателски авион на Флорида. Со тоа Трамп ги исполни најавите дека нема да присуствува на положувањето заклетва на својот наследник, со што стана првиот претседател на САД по 1869 година што не присуствувал на инаугурацијата на новиот претседател.

Џо Бајде ќе положи заклетва околу 17 часот по средноевропско време денеска. Во Вашингтон, по насилствата од пред 2 седмици, обезбедувањето за овој свечен настан ќе биде нверојатно, со 25.000 на Националната гарда и уште многумина припадници на другите безбедносни сили.

Трамп кажа дека му било често да служи како претседател:

„Вие сте неверојатни луѓе. Ова е одлична, одлична земја. Најголема чест и привилегија ми е што бев твој претседател“, рече Трамп пред насобраните припадници на неговото семејство и на Белата Куќа.

„Јас секогаш ќе се борам за вас. Ќе ве гледам. Ќе ве слушам и ќе ви кажам дека иднината на оваа земја никогаш не била подобра. На новата администрација ѝФото:  посакувам многу среќа и голем успех. Мислам дека ќе имаат голем успех. Тие имаат основа да направат нешто навистина спектакуларно“, додаде Трамп.