fbpx

Бајден планира замена на сите 650.000 владини возила со електрични

-

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот вети дека ќе го замени возниот парк на американската влада од околу 650.000 службени возила со возила на електричен, бидејќи новата администрација ќе го насочи фокусот кон чиста енергија, пренесува Ројтерс.

„Федералната влада поседува огромен возен парк, чии возила ќе ги замениме со чисти електрични возила направени токму во Америка од страна на американски работници“, рече Бајден во понеделникот.

Тој ги критикуваше постојните правила што дозволуваат возилата да се сметаат за произведени во САД кои ги купила американската влада, дури и ако тие имаат значителни компоненти произведени од други делови од светот.

Бајден рече дека ќе спречи можностите што дозволуваат клучни делови како мотори, челик и стакло да се произведуваат во странство за возила што се сметаат за произведени во САД.

Белата куќа не одговори веднаш на прашањата во кој период Бајден планира да ги замени сегашните возила. Замената на возниот парк со електрични возила, САД може да ги чини 20 милијарди долари, па дури и повеќе.

Извршната наредба на Бајден „Купи Америка“ потпишана во понеделникот не обврзува набавка на електрични возила.

Заклучно со 2019 година, американската влада поседувала 645.000 возила со кои се возеле 4,5 милијарди милји трошејќи 375 милиони литри бензин и дизел гориво, според Управата за општи услуги (ГСА).

„Владата на САД потрошила 4,4 милијарди долари на федерални трошоци за возила во 2019 година. Од возилата на владата на САД, само 3.215 биле електрични возила заклучно со јули 2020 година“, соопшти ГСА.

За време на кампањата, Бајден вети дека „ќе преземе голема федерална обврска за купување електрични возила за федерални, државни, племенски, поштенски и локални флоти“.

Тој исто така вети дека ќе создаде 1 милион нови работни места во „американската автомобилска индустрија, домашни ланци за снабдување со автомобили и автоинфраструктура, од делови до материјали до станици за полнење на електрични возила“.

Бајден ги поддржува попустите на новите потрошувачи за да ги заменат старите, помалку ефикасни возила со нови електрични возила и стимулации за производителите да градат или да ги обноват фабриките за да ги соберат електричните возила и деловите.

Американскиот претседател вети дека ќе изгради 550.000 станици за полнење електрични возила и ќе потроши повеќе во истражување на чистата енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...