fbpx

Во 2020 година третирани 140 случаи на заболени жени од рак на грло на матка, секој 10 ПАП тест бил позитивен

-

Институтот за јавно здравје евидентира дека во нашата држава од рак на грло на матка годишно заболуваат околу 150 жени, или 15 на 100 илјади жени. Според податоци од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, на оваа Клиника во 2019 година се третирани 111 случаи на карцином на грло на матка, додека во 2020 година тој број е зголемен и изнесува вкупно 140 случаи, соопшти Министерството за здравство, по повод месец јануари, посветен на борбата против ракот на грлото на матката.

„Во првите три квартали од 2020 година се испратени околу 12.000 покани од гинеколози кои се вклучени како извршители во Програмата за рана детекција на малигни заболувања, направени се околу 9.000 ПАП тестови на жени, при што откриени се околу 900 брисеви со одредени клеточни абнормалности, што претставува 10 отсто од вкупно цитолошки анализираните брисеви“, соопштија од Министерството.

Од таму информираат дека секоја година се изготвува посебна програма која предвидува спроведување на бесплатен скрининг за рано откривање на ракот на грлото на матката и со кој во период од три години се опфатени жени на возраст од 24 до 61 година, односно следните возразни групи: 24-35 години, 36-45 години и 46-61 година. Во рамки на организираниот скрининг годишно се испраќаат во просек околу 53.000 покани, а процентот нa жени кои добле покана изнесува околу 88,3 отсто. Од нив, околу 60 отсто жени се тестираат со ПАП тест или, во просек, годишно се прават по 24.000 ваки тестирања. При тоа, се откриваат околу 10 отсто епителни клеточни абнормалности или просечно по 2.400 брисеви годишно се со позитивни наоди.

Податоците покажуваат дека е сѐ помал бројот на жени со тешка форма на карцином, како што се плочестиот карцином и дека токму тоа е и целта на превентивната програма на Министерството, рано и навремено откривање на ова заболување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...