fbpx

Демократот Џо Бајден е избран за нов претседател на САД

-

Кандидатот на Демократската партија на САД, Џо Бајден е 46. Претседател на САД, јавија светските медиуми. Асошиејтед прес попладнево објави дека Бајден го поразил републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Изборот на новиот американски претседател доаѓа откако беа објавени резултатите во сојузната држава Пенсилванија, со што Џо Бајден освои вкупно 273 електорски гласа од неопходните 270 гласа за да биде избран во Изборниот колеџ, објавија Си-ен-ен и Би-би-си.

Камала Харис од Демократската партија ќе биде идната потпретседателка на САД, која ќе дојде на местото на Мајк Пенс, јави Асошиејтед прес.

Веднаш по победата во сојузната држава Пенсилванија, идниот претседател Џо Бајден даде изјава, во која порача: „Со завршувањето на кампањата, време е да ги оставиме гневот и острата реторика зад нас и да се обединиме како нација“.

Бајден изјави дека е време Америка да се обедини, објави Си-ен-ен.

Инаку, веднаш откако светските медиуми објавија дека Џо Бајден е новиот американски претседател, од спротивниот табор на Доналд Трамп изјавија дека демократскиот кандидат „брза лажно да се претстави како победник“, порачувајќи дека трката е далеку од завршена.

Во изјавата од кампањата на републиканскиот кандидат Трамп се вели дека од понеделник ќе започне правната битка пред судот за да се обезбеди целосно почитување на изборните закони.

Според досегашните резултати објавени од Си-ен-ен и Би-би-си, Џо Бајден освоил над 74,4 милиони гласови на национално ниво, додека неговиот противкандидат Трамп добил над 70,3 милиони гласови.

Пребројувањето на гласовите продолжува во сојузните државни Алјаска, Невада, Аризона, Џорџија и Северна Каролина, но електорските гласови што ќе ги дадат овие држави нема да го сменат крајниот исход во изборот на Џо Бајден за иден претседател на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...