fbpx

Бајден ќе ги врати САД во Парискиот климатски договор и ќе почне „отворање“ од ковид кризата

-

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира на неговиот прв работен ден во Белата куќа да потпише повеќе од 10 укази и наредби, меѓу кои и за враќање на САД во Парискиот климатски договор и прекин на забраната за патување од претежно муслимански земји, извести Си-ен-ен.

Покрај другите одлуки со кои ќе се поништат претходни одлуки на Трамп што предизвикуваа многу реакции не само во САД, туку и низ светот, се и тие за привремен прекин на присилните иселувања и на ратите од студентските кредити, но и за задолжението да се носи маска при присуство во кој било федерален имот, се дознава од меморандумот што во саботата го објави неговиот иден шеф на кабинет, Рон Клајн.

Клајн во документот потсетува дека Бајден за време на кампањата вети дека на првиот ден на функцијата ќе се занимава со поништување на контроверзните одлуки на администрацијата на Трамп, како и со борбата против пандемијата на коронарвирусот.

Во рамките на мерките за справување со пандемијата на ковид-19, тој исто така ќе направи пресврт, сo уредби за безбедно повторно отворање на училиштата и бизнисите, вклучувајќи и зголемување на опфатот на тестирањата, заштита на работниците и воспоставување јасни стандарди за јавното здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...