fbpx

Говор на Бајден изваден од контекст се шири на социјалните мрежи

-

Бајден не им кажува на Американците да се подготват за ураган со тоа што ќе се вакцинираат, туку зборува општо, за опасноста ураганите да го ограничат медицинскиот пристап. Во постот што го рецензираме, не се наведува поширокиот контекст за кој зборува Бајден, се премолчуваат клучни податоци за целосно да се разбере неговата порака и се добива впечаток дека вакцинацијата ќе го заштити населението од ураган, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделено видео во кое зборува американскиот претседател Џо Бајден. Во постот се вели:

„Ако не знаете што треба прво да направите ако има ураган, ќе ви каже дедо-педо Бајден. Најпрво што треба да направите е да СЕ ВАКЦИНИРАТЕ! Така да си знаете! Ако не, работите можеле да станат многу покомплицирани“, пишува во постот.
Видеото пак, е од говор на Бајден во кој тој вели:
„Да бидам јасен. Ако сте во држава во која често има урагани како Флорида, Заливскиот брег или Тексас, тогаш витален дел од подготовките за сезоната на урагани е да се вакцинирате веднаш. Сè е покомплицирано ако не сте вакцинирани, а ако се случи ураган или природна катастрофа“.

Меѓутоа, во постот што го рецензираме, не се наведува поширокиот контекст за кој зборува Бајден, се премолчуваат клучни податоци за целосно да се разбере неговата порака и се добива впечаток дека вакцинацијата ќе го заштити населението од ураган, нешто што Бајден не го изјавува. Иако говорот цитиран во постот што го рецензираме е вистинит, сепак Бајден го има дадено една година пред да настапи ураганот Иан, па оттаму клипот споделен во постот го испушта клучниот контекст.

Говорот на Бајден е од 10 август 2021 година. Таа година имаше серија урагани и раст на бројот на заболени од ковид-19 поради делта варијантата. Во видеото во постот што го рецензираме, исечен е клучниот дел, за да не се разбере добро неговиот контекст. Еве што изјави претседателот на САД во проширената верзија од неговиот говор:

Случаите и хоспитализациите растат побрзо во земјите каде има ниски стапки на вакцинација како Флорида, Тексас, Луизијана, Алабама и Мисисипи кои се држави кои се најмногу под ризик од урагани. Така што, не сакаме да чекаме да стане предоцна. И ако не дај Боже, се случи природна катастрофа мора да бидеме сигурни дека ќе бидеме заштитени и од ковид-19. Сакам да сум јасен. Ако сте во држава каде често се случуваат урагани како Флорида, Заливскиот брег, Тексас, тогаш витален дел од подготовката за сезоната на урагани е да се вакцинирате веднаш. Сè е покомплицирано ако не сте вакцинирани ако се случат ураган или природна катастрофа. Ако треба да се евакуирате, ако мора да останете во засолниште, не сакате да го додадете и ковид-19 во списокот опасности кои ќе ви се најдат на патот. Вакцинирајте се сега за да сте подготвени за што и да доаѓа месецов, гласи проширената верзија на изјавата на Бајден која може да ја прочитате на веб страницата на Белата Куќа.

Па така, Бајден не им кажува на Американците да се подготват за ураган со тоа што ќе се вакцинираат, туку зборува општо, за опасноста ураганите да го ограничат медицинскиот пристап.

Неговите коментари не бе само фокусирани на вакцинацијата, односно тој ги упати Американците да одат на страницата Ready.gov за да се осигураат дека се подготвени за ураганот.

Нека ви бидат познати вашите евакуациски зони. Имајте фамилијарен план. Набавете производи за криза и спакувајте ги во торби и не заборавајте да спакувате една за вашите миленичиња. Сериозно го мислам ова. И ако имате повозрасни соседи или луѓе во вашето окружување на кои може да им треба вашата помош, проверете кој може да им помогне и направете план, додаде претседателот на САД.

Повеќе странски сервиси за проверка на факти исто така оценуваат дека во постовите каде што се споделува скратена верзија од говорот на Бајден, се пропушта контекстот бидејќи се добива лажна импресија дека тој советува да се вакцинираат Американците како прва мерка за спас од урагани, а не се кажува целосната изјава. Тој ги советува на таков чекор зошто за време на евакуациите има голем број  луѓе на исто место и се прави групирање, а  ризикот од зараза од ковид-19 е голем за невакцинираните, а медицинската помош е ограничена во случаи на природни катастрофи.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како пост во кој се пропушта контекстот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...