fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Филипче: Неделава ќе пристигнат 50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 од Грција

Неделава се очекува да стигнат вакцини од Бугарија и од Грција, а кинеските Синовак, сѐ уште не се знае кога ќе пристигнат во земјава. Ќе има доволни количества вакцини за да продолжи со масовната вакцинација против ковид-19. Во моментов само уште 5.000 вакцини се  наменети за граѓаните кои треба да ја примат првата доза, а останатите ќе бидат за...

Радев порача: Дојдете во Софија на двостран дијалог, не ни требаат посредници

Вистинскиот чекор е еден - во Софија на двостран дијалог. Тогаш ќе се решат сите проблеми, коментираше претседателот на Бугарија Румен Радев во Рим, каде што е на заедничка пссета и поклонение на гробот на Свети Кирил и заедничко чествување на словенските просветители Свети Кирил И Методиј. Тој го отфрли предлогот странски историчари да се вклучат во заедничката историски...

Бугарскиот министер за надворешни како главна цел го зацрта активирањето на дијалогот со Северна Македонија

Основниот приоритет на екипата што го раководи Министерството за надворешни работи на Бугарија е враќање на довербата и активирање на дијалогот со Северна Македонија, порача техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, пренесува бугарски „Дневник“. „Ние сме отворени за дијалог, за барање конструктивно решение. Целта е постигнување одржаливи и неповратни резултати во возобновувањето на довербата меѓу двете држави“,...

Заев по средбата со Вархеји и Силва: Предлогот е добра основа за решение, не навлегува во идентитетските прашања

Важно е дека, во овој момент јасно и одговорно можеме да кажеме дека предлогот е добра основа за постигнување решение за проблемот, решение со кое ќе се отстранат сите пречки и ќе се отворат преговорите преку одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија. За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и...

Сегашниот технички премиер Јанев и уште 31 политичар во Бугарија биле прислушувани

Скандалот со прислушувањето на опозициски политичари во текот на предизборната кампања во Бугарија постојано ескалира - денеска Бојко Рашков, министерот за внатрешни работи во техничката влада за телевизијата „Нова“ изјави дека меѓу прислушуваните бил и техничкиот премиер Стефан Јанев, јави „Медиапул“. Вчеравечер Рашков ги потврди сомнежите за следење, и објасни дека специјалните разузнавачки средства - СРС (пандан на Посебните истражни...

Бугарски „Медиапул“ го раскринкува лицемерието на новата патриотска коалиција на Каракачанов

Tри бугарски националистички политички партии, меѓу кои и ВМРО-БНД на Каракачанов, кои не освоија пратеници на последните парламентарни избори на 4 април, решија на следните избори на 11 јули, да настапат заеднички, во патриотска коалиција. Бугарскиот онлајн-медиум „Медиапул“ ја коментира непринципиелноста на нивната одлука и крајното лицемерие на нивните први луѓе, потсетувајќи ги читателите на претходните остри судири на...

Бугарската државна безбедност обвини дека странски служби работеле против бугарските надворешно политички позиции

Странски специјални служби ги активирале своите дејствија за маргинализирање на бугарските надворешнополитички позиции, предупредува бугарската Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) во својот годишен извештај за минатата година. Иако од контраразузнавањето не посочуваат кои точно служби го правеле тоа, од информацијата може да се претпостави дека нивната работа била насочена кон спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, пишува бугарскиот...

Новиот бугарски министер за надворешни работи вели дека нема да се промени позицијата кон земјава

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева. Уште за време на првиот јавен настап, на денешната прес-конференција тој повтори дека нема да има промена на бугарската позиција кон Северна Македонија. „Рамковната позиција со Република Северна Македонија е усвоена со консензус на сите политички сили во бугарскиот парламент,...

Генерал Стефан Јанев ќе ја предводи техничката влада на Бугарија, дипломатот од кариера Светлан Стоев на местото на Захариева

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска за премиер на новата техничка влада го назначи генералот Стефан Јанев. На местото министер за надворешни работи, што досега го пополнуваше Екатерина Захариева, ќе настапи дипломатот од кариера Светлан Стоев. Радев ја назначи техничката влада по трите неуспеха на ГЕРБ/СДС, „Има таков народ“ и БСП по парламентарните избори на 4 април да формираат влада....

Заев: Не ни треба ЕУ по цена на македонскиот јазик и идентитет

По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Ресен. Тој се надева дека може да се постигне решение за спорот со Бугарија во следните неколку месеци, иако земјата ја очекуваат нови избори. „Проблемот е нерационален,...

Во Бугарија петиција против партнерството на „Еуроњус“ со „ТВ Европа“

Бугарски интелектуалци и новинари вчера, на Светскиот ден на слобода на медиумите, почнаа петиција со пет прашања до европскиот информативен гигант „Еуроњус“, откако оттаму беше најавено формирањето нов информативен телевизиски канал „Еуроњус Бугарија“, во стратешко партнерство со бугарската „Телевизија Европа“. Како што пренесе mediapool.bg, во петицијата отпочната од Атанас Чобанов, главниот уредник на сајтот за истражувачко новинарство „Бивол“ се упатуваат...

Во Бугарија се подготвува нов состав на Изборната комисија, по неуспехот да се формира влада

Откако стана јасно дека Бугарија не може да добие нова влада, утре, по истекот на еден месец од парламентарните избори на 4 април, и третиот политички субјект на кој ќе му биде врачен мандат за влада, Бугарската социјалистичка партија (БСП), експресно ќе го врати мандатот, со што се исцрпуваат сите можности за разрешница и Бугарија ќе мора да организира...

По и пред бугарските избори: Повеќе реализам и внимателност

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Веќе е извесно дека мартовските парламентарни избори во Бугарија нема да донесат политичка влада. Во новиот фрагментиран парламент значајно ослабеа позициите на владејачката ГЕРБ на премиерот Борисов (иако сѐ уште прва) и опозициската Бугарската социјалистичка партија (БСП), која падна на трето место. Новата анти-естаблишмент партија „Има таков народ“ изненадувачки го доби второто место, а во парламентот влезе и сличната по...

Вистиномер: Фотографијата од потпрена хауба со калашников не е снимена во Тетово

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук нема никаква врска ниту со Тетово, ниту со Македонија. Пребарувањето на пребарувачот Гугл покажува дека оваа слика е поврзувана со редица држави како Хрватска, Русија и Бугарија. Според податоците на пребарувачот, фотографијата најверојатно е направена во Бугарија, на крајот на јануари. Бугарскиот весник „Бугарија денес“ ја објавил оваа слика во...

Бугарија полека оди кон нови избори – Трифонов порача дека неговата партија ќе го врати мандатот

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Состојбата по парламентарните избори во Бугарија денеска дополнително се комплицираше, откако стана јасно дека и партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, инаку втора политичка сила според бројот на освоени гласови, ќе го врати мандатот за формирање влада што бугарскиот претседател Румен Радев треба да им го додели оваа седмица. Тој дополнително ги навреди сите партии што досега...

Пропадна и последниот јалов обид на ГЕРБ на Борисов да формира нова влада на Бугарија

Парламентарната група (ПГ) на ГЕРБ, партијата на досегашниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, и на Сојузот на демократските сили (СДС) денеска испратила покана за средба во бугарскиот парламент со ПГ на „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, но од таму поканата експресно била одбиена, јави бугарската новинска агенција „Фокус“. Тоа беше последниот обид да ГЕРБ и СДС да формираат...

Дојче Веле: Македонските граѓани на вакцинација и во Бугарија

Бугарската клиника „Комак Медикал“ од вчера започна со вакцинација против ковид-19 и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“, извести Дојче Веле сервисот на македонски јазик. Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за Дојче Веле ја потврдиле информацијата, појаснувајќи дека вакцинацијата ќе се врши во центарот на компанијата во дворот на Александровската болница во...

Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов од ГЕРБ за формирање нова бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска влада на кандидатот за премиер Даниел Митов од коалицијата ГЕРБ/СДС, која што освои најмногу пратеници на неодамнешните парламентарни избори во Бугарија. „Очекувам во рок од седум дена, според Уставот на Република Бугарија, да предложите состав на Министерскиот совет којшто ќе одговори на очекувањата на општеството за...

По ДПС, и бугарските социјалисти велат би поддржале влада што ќе ја предложи Слави Трифунов

По Движењето за правда и слободи (ДПС), и Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска излезе со став дека би го поддржала формирањето на владата предложена од Слави Трифунов и неговата партија „Има таков народ“. Претседателката на БСП, Корнелија Нинова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) рече дека ако партијата на Трифунов предложи кабинет и ако му е неопходна поддршка,...

По изборите во Бугарија, сите конци во рацете на шоуменот Слави Трифонов

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Човекот што ќе ја реши иднината на Бугарија се нарекува Слави Трифонов и тој треба набргу да каже што ќе прави, повика досегашниот пратеник од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Јавор Божанков, повикувајќи го на изјаснување на лидерот на партијата „Има таков народ“, извести dnevnik.bg. Партијата на шоуменот Слави Трифонов по парламентарните избори во неделата е втората политичка сила во Бугарија,...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...