fbpx

Вистиномер: Фотографијата од потпрена хауба со калашников не е снимена во Тетово

-

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук нема никаква врска ниту со Тетово, ниту со Македонија. Пребарувањето на пребарувачот Гугл покажува дека оваа слика е поврзувана со редица држави како Хрватска, Русија и Бугарија. Според податоците на пребарувачот, фотографијата најверојатно е направена во Бугарија, на крајот на јануари. Бугарскиот весник „Бугарија денес“ ја објавил оваа слика во категоријата „фотографија на денот“ на 26 јануари и притоа дадено е објаснување дека не станува збор за вистинско оружје туку за детска играчка, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа на дезинформирачки Фејсбук-пост.

 

Фотографија од автомобил „Ауди“ на кој хаубата му е отворена и потпрена со оружје коешто наликува на калашников, се тврди дека е снимена во Тетово и така се споделува на социјални мрежи, а објавена е и на дел од медиумите.

Нo, фотографијата не е снимена во Тетово. Иако на прв поглед може да се донесе таков заклучок, затоа што на регистарската табличка на автомобилот до којшто стои човек, пишува „ТЕ“, односно ознаката која што се користи за автомобили регистрирани во Тетово, фактите говорат дека оваа фотографија е едитирана и станува збор за фотомонтажа.

Фотографијата нема никаква врска ни со Тетово ниту со Македонија. Пребарувањето на пребарувачот Гугл покажува дека оваа слика е поврзувана со редица држави како Хрватска, Русија и Бугарија. Според податоците на пребарувачот, фотографијата најверојатно е направена во Бугарија, на крајот на јануари годинава.

Бугарскиот весник „Бугарија денес“ ја објавил оваа слика во категоријата „фотографија на денот“ на 26 јануари. Како автор на фотографијата е потпишан Александар Тасевски и притоа дадено е објаснување дека не станува збор за вистинско оружје туку за детска играчка.

Според очевидци на случката, нема причина за тревога затоа што оружјето е сепак детска играчка, а не вистински автомат, пишува во објавата на медиумот.

Тука фотографијата е објавена со регистерски таблички CB (ЦВ), што според кодовите за таблиците во Бугарија значи дека се работи за регистрација од Софија,

Истата фотографија, но со различни ознаки на регистарската табличка, кои асоцираат на градот Шибеник, е објавена и на Фејсбук страницата „Crazy Croatia“ во февруари.

На интернет просторот може и да се најдат тврдења дека фотографијата е снимена во Русија.

Оваа фотомонтажа кај нас првично е објавена на Офф.нет (текст), а потоа и од неколку други медиуми (ФБ), кои како извор (ФБ) на информација ги посочуваат социјалните мрежи.

Bugarija Off .net Tetovo

Агрегаторот Grid.mk документира кои медиуми ја ширеле дезинформацијата. Кликнете на погорниот линк за да ги видите екран-снимките.

Освен што фотографијата е монтирана за да се добие впечаток дека станува збор за автомобил регистриран во Тетово и со тоа се измамува јавноста, особено проблематично во оваа објава е тоа што баш Тетово е земен како мултиетнички град на кој ќе му се припише фотографијата. Овде се препознава ширење стереотипи за цел еден град и асоцирање на тетовчани со насилство. Поради таквите стереотипи и предрасуди потоа на целиот град му се подметнува етикета дека е криминоген без никаква реална причина и за нешто што се случило во сосема друга држава, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...