Принтскрин од Румен Радев; Извор на видео: Влада на РСМ

Вистинскиот чекор е еден – во Софија на двостран дијалог. Тогаш ќе се решат сите проблеми, коментираше претседателот на Бугарија Румен Радев во Рим, каде што е на заедничка пссета и поклонение на гробот на Свети Кирил и заедничко чествување на словенските просветители Свети Кирил И Методиј. Тој го отфрли предлогот странски историчари да се вклучат во заедничката историски комисија.

Како што извести бугарски „Медиапул“, Радев пред новинарите во Рим отфрлил еден од предлозите на португалското претседателство со ЕУ за решавање на кризата меѓу Бугарија и Северна Македонија, односно дека не се потребни меѓународни експерти во заедничката историска комисија.

„Немаме потреба од никакви посредници. Никој не ја познава подобро нашата историја од самите ние. Од нас зависи, одеден отворен кнструктивен дијалог со Софија, базиран на историските документи, на вистинските извори. Комисијата ќе работи за историјата. Најважното е ние на високо политичко ниво да ги направиме неопходните чекори. Тие чекори не минуваат низ другите европски престолници па од таму да се прави притисок на Бугарија. Тоа никако! Треба да бараме трајно и неповратно решение“, порача бугарскиот претседател.