fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Димитровски: Дизелите и неодржувањето се главни виновници за загадувањето од возилата

Иако транспортот не е доминантен загадувач на воздухот со цврсти честички, фактот што е значително пораснат процентот на автомобили со дизел мотори во земјава не треба да се пренебрегне, предупредува д-р Даме Димитровски, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје и раководител на факултетската лабораторија за мотори со внатрешно согорување. Дополнително, вели тој, мора да се земе предвид амортизацијата...

Антикорупциска не работи 7,5 месеци, Собранието расправаше за нов закон

Антикорупциската комисија, клучното државно тело за спречување корупција и судир на интереси, веќе седум и пол месеци не функционира откако во март последниот претседател Игор Тантуровски поднесе оставка, а од 2 април членовите беа „испратени“ на одмор на неопределено време. Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска одржа јавна расправа за предлог-законот за спречување на корупција и...

Скопје има само 13 возила на Итна помош, а Кочани, со 38.000 жители – десет (инфографик)

Министерството за здравство обезбеди 12 возила за Итна медицинска помош, при што, шест од нив ќе бидат распределени во Скопје, а за другите шест не се знае во кои градови. Ниту деловникот за работа на Итната помош, ниту пак Министерството за здравство ги имаат дефинирано критериумите според кои се распределуваат возилата низ градовите. Од друга страна, постои значајна разлика во...

„Три едукации и две наредби за отстранување на неусогласености“ по контролата на АХВ во школите

Иако државата преку Министерството за образование и наука, минатата година најавуваше дека ќе започнат засилени контроли од неколку институции на оброците што ги добиваат учениците во училишните мензи, засега нема ништо од тоа. По низата реакции на родители преку социјалните мрежи, дека во храната децата наоѓале парчиња пластика, остатоци од зеленчуков отпад, како и тоа дека немало крем во...

Владите свесно го избегнуваат решавањето на еколошките проблеми во име на социјалниот мир

Интервју со Радован Никчевиќ, експерт за поврзување о Советот за регионална соработка на Западен Балкан за климатските промени, каде ги води секторите за енегргија и кологија, за соработката на Балканот и што ја отежнува, како и за за приоритетите на владите во овој сектор. Со Никчевиќ разговаравме на министерскиот состанок за акција за човековата околината и климата кој се одржува...

Осумдесет отсто од дизелот го трошат камиони и автобуси (инфографик)

Половина од возилата кои се учесници во сообраќајот возат на дизел, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Дизел користат над 90 отсто од автобусите, 80 проценти од товарните возила и 48 отсто од автомобилите регистрирани во Македонија. „Речиси 80 отсто од дизел горивата кои се продаваат во Македонија се користат во транспортниот сектор, во тешките товарни возила и автобусите....

Дураки за загадувањето: Јас не се занимавам со граѓаните, Македонија не е Швајцарија

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки вели дека „не се бави со граѓаните“, на прашање на телевизија „Сител“, за тужбата што граѓаните ја подготвуваат против државата заради здравствените последици кои ги трпат поради загадувањето. „Сега, јас не се бавам со граѓаните. Граѓаните може да се тужат, и тоа“, накратко одговори Дураки на прашањето, кој е неговиот став. На...

Државата подготвува нов проект „Компјутер за секое дете“ и дигитализирање на наставата

Министерството за образование подготвува наследник на проектот „Компјутер за секое дете“. Ова за „Мета“ го најавува заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов кој вели дека наставната програма неопходно е да се дигитализира, со што ќе им се овозможи на учениците да се образоваат од современи помагала. - Тоа е една голема промена која ќе мора да се случи. Конкретни...

Владата се изјасни негативно за предлог-амнестијата за настаните на 27 април

На вчерашната 104. седница, Владата донела одлука да му додели кредит на металуршкиот комбинат „Југохром“ од Јегуновце за набавка на филтри. Владата донела и негативно мислење за Предлог-закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собранието. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) од Посебниот...

Домаќинствата се виновни за 90 отсто од вкупните емисии на ПМ честички

Загревањето на домаќинствата придонесува со најголема количина на ПМ емисии односно дури 90 отсто доаѓаат од овој сектор, а само 10 отсто доаѓаат од транспортот. Кај емисиите на нитроген оксид (NOx) главен виновник е транспортниот сектор кој учествува со 60 отсто од емисиите. Ова го покажуваат студиите на истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ кој ги...

Предлог-законот за еколошките налепници утре на прво читање во Собранието

На 106-та седница, Законодавно-правната комисија на Собранието утре ќе го претресе во прво читање најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, со кој се воведуваат неколку новини како дел од посеопфатните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, од кои најзначајната е еколошката категоризација на возилата („налепници“) и забрана за нивно движење при зголемено...

Јавниот долг се зголемил за повеќе од три пати за десет години (инфографик)

Влегува ли Македонија во должнички вртлог имајќи предвид што секоја година од домашни и од странски извори мора да се позајмуваат пари за да се вратат старите долгови и да се покријат буџетските расходи е прашање на кое е извесен потврден одговор, ако се земе предвид дека и по промената на власта, новата Влада продолжи со нови задолжувања и...

Вакцините се безбедни, нивниот квалитет е гарантиран (инфографици)

Имунизацијата на населението е значајна здравствена, социјална и економска придобивка. Вакцините штитат од тешки заразни заболувања, а со тоа се создава колективен имунитет и заштита од епидемии на целата заедница. Во Македонија, согласно законската регулатива континуираната вакцинација кај децата од 0-18 години е задолжителна. Опфат над 95 отсто може да создаде колективен имунитет и заштита на населението од појава на...

„Еуромакс Рисорсес“ ги претстави придобивките од рудникот Иловица

Компанијата „Еуромакс Рисорсес“, концесионер на проектот Иловица – Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претставила економските придобивки и мерките за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето предвидени во проектот за рудникот Иловица-Штука. Присутните, како што информираат од компанијата, биле заинтересирани за еколошките мерки што се предвидуваат со проектот, евентуалното влијание на рудникот...

Град Скопје од викендов со дронови ги лоцира изворите на загадувањето

Градот Скопје викендов го почна 3Д мапирањето на критичните точки за загадувањето на воздухот во градот со беспилотно летало, а како прва локација била избрана депонијата „Вардариште“, информираа од Град Скопје. - Жителите на Аеродром и на Гази Баба веќе подолг период се задушуваат од непријатна миризба што се шири покрај кејот на Вардар. Сега, со 3Д мапирањето на „Вардариште“...

Европските правила за електраните на јаглен во Македонија ќе спасат 580 животи годишно

Околу 580 животи годишно би се спасиле ако македонските термоелектрани на јаглен го доведат нивото на загадување на воздухот до она пропишано со европската директива за индустриски емисии, покажува извештајот „Подобрување на здравјето преку подобрување на квалитетот на воздухот на Западен Балкан“ на Алијансата за здравје и животна средина (HEAL) од Брисел, Белгија, мрежа на повеќе од 70 организации...

Во новиот буџет има 813.000 евра за експропријација за непречена гасификација

За гасификацијата за следна година се предвидени близу две милијарди денари, (околу 30 милиони евра) одговори премиерот Зоран Заев, на прашање на „Мета“ колку средства се предвидени за оваа капитална инвестиција, чија што реализација годинава беше едвај 8 проценти од предвиденото. - Во буџетот ставивме дополнителни 50 милиони денари (813.000 евра) за експропријација, за да работиме на делницата Гостивар -...

О2 Коалиција: Панот на Владата за намалување на аерозагадувањето е срамно залажување

Одлуката на Владата борбата против загадувањето на воздухот да се третира како стратешки приоритет со обезбедени само 1,6 милиони евра претставува „срамно залажување и лажно прикажување на борбата против аерозагадувањето“, велат од О2 Коалицијата. „Додека над 3.000 луѓе умираат годишно, додека децата ги полнат болниците со респираторни заболувања, оваа одлука на Владата е своевидно мачкање на очи на јавноста која...

Догодина ќе се набават нови инструменти за сите 18 мерни станици за загадувањето

Нефункционирањето на инструментите за ПМ10 честички на мерните станици нема да биде прикажано како намалување на загадувањето на воздухот во годишните извештаи, изјави заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули како одговор на новинарско прашање на „Мета“. - Не, нема да бидат прикажани како намалување на загадувањето бидејќи не работат. Сакам да го потенцирам уште еднаш Планот за чист воздух кој...

Екстерното се укина, државното никако да почне

На почетокот на оваа учебна година, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов најави дека државата ќе спроведе тестирање на државно ниво кое треба да ги замени екстерните тестови. Првото тримесечие од оваа учебна година измина, а сè уште е неизвесно од кога би почнало да се спроведува ова тестирање. Министерот Арбер Адеми досега не ја информирал подетално јавноста во врска...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...