fbpx

О2 Коалиција: Панот на Владата за намалување на аерозагадувањето е срамно залажување

-

Одлуката на Владата борбата против загадувањето на воздухот да се третира како стратешки приоритет со обезбедени само 1,6 милиони евра претставува „срамно залажување и лажно прикажување на борбата против аерозагадувањето“, велат од О2 Коалицијата.

„Додека над 3.000 луѓе умираат годишно, додека децата ги полнат болниците со респираторни заболувања, оваа одлука на Владата е своевидно мачкање на очи на јавноста која ја очекува реализацијата на ветеното, а тоа е повторното воспоставање на Фондот за животна средина, како гаранција дека средствата добиени од такси за животна средина, ќе бидат наменети за проекти за подобрување на квалитетот на животната средина, нешто што беше ставено како итен реформски приоритет кој Владата требаше да го реализира во првите шест месеци од своето формирање“, истакнуваат од О2.

Од коалицијата прашуваат како е можно, со оглед дека над 183 милиони евра биле собрани во 2016 како даноци поврзани со животната средина, во 2015 се собрале над 168 милиони евра, во 2014 над 148 милиони евра, Владата да смета дека е доволно 1,6 милиони евра да се одвојат за борбата против аерозагадувањето.

Екологистите потсетуваат дека со ребалансот на буџетот од минатата недела, над 2 милиони евра се тргнаа од заштита на животна средина, а сега се враќа за половина милион евра помала сума со која требало да се решава проблемот со аерозагадувањето во целата држава.

„Само за анекси на автопатот Кичево-Охрид, долг 57 километри, се одобрија 187 милиони евра, 117 пати повеќе од борбата на Владата против аерозагадувањето. За еден километар од автопатот Кичево-Охрид се трошат 10,5 милиони евра, а за борбата против аерозагадување, 6,5 пати помалку“, велат од О2.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...