fbpx
Таг: барања

таг: барања

Берлин: Партиите повеќе не смеат да си играат со трпението на меѓународната заедница

Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно-политичката состојба во Македонија“, порача денеска од Брисел германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, и потенцира дека земјава итно мора да ги исполни двата услови, односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство. - Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението...

СЈО за измените на Законот за помилување: Клучен е секој закон што ни помага

Секој закон што ни овозможува непречено да ги водиме истрагите е од клучно значење за нас. Ова е одговорот од кабинетот на специјалната јавна обвинителата, Катица Јанева, на нашето прашање за став и коментар во врска со измените на Законот за помилување што вчера ги изгласа Собранието, а денеска ги потпиша претседателот Ѓорге Иванов. „Една од примарните цели на ова...

„Протестирам“: Уставниот суд покажа знаци на живот, но тоа не е доволно

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ ја поздрави денешената одлука на Уставниот суд, со оценка дека судот „покажа знаци на живот“, но велат дека тоа не е доволно, поради што продолжуваат со протестите. „Уставниот суд денеска покажа знаци на живот. Но тоа не е доволно! Продолжуваме да протестираме до исполнување на барањата!“, напишаа од „Протестирам“ на нивниот официјален Фејсбук-профил. Од граѓанската иницијатива, која повеќе...

Судската администрација од утре стапува во штрајк

Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска соопшти дека штрајкот во судовите, кој двапати беше одложуван, ќе почне утре и ќе трае сè до исполнувањето на нивнита барања, пренесува порталот „Нова ТВ“. Од УПОЗ бараат повисоки плати и исплата на додатоци во висина од 35 отсто за судските службеници. „УПОЗ и Здружението за судска администрација, за да...

Сточарите од Малешевијата ги блокираа патиштата, бараат итни мерки за болеста кај добитокот

Сточарите од Малешевијата денеска излегоа на протест и ги блокираа патот Берово - Виница и патот Берово Пехчево, кај селата Мачево, односно Смојмирово. Тие бараат од надлежните власти да не се уништуваат грлата добиток заболени од јазлеста кожа и итно да се преземат превентивни мерки. Сточарите што денеска протестираа го изразија револтот од, како што рекоа, непостапувањето на надлежните институции по...

Самохраните мајки формираа здружение „Една може“

Самохрани мајки заедно со нивните деца, денеска излегоа на првата активност на здружението на еднородителски семејни заедници „Една може“, во Паркот на франкофонијата во Скопје. Дора Пачкова, членка на ова здружение, ги истакна различните проблеми со кои се соочуваат децата што живеат со еден родител. Од здружението велат дека на креативен начин ќе ја претставуваат индивидуалноста на нивните деца. Во врска со алиментацијата...

„Транспаренси интернешнел“ бара оставка од Иванов и одложување на изборите

Глобалното движење за броба против корупција „Транспаренси интернешнел“ и неговиот разгранок во Македонија бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни сè додека не биде прочистен избирачкиот список и не се ограничи широко распространетата корупција што ја парализира земјата. Од „Транспаренси интернешнел“ и „Транспаренси интернешнел Македонија“ велат дека граѓаните на земјава излегуваат на улица на...

Денеска во 14 часот, протест на Бит-пазар, во 18 пред СЈО

Денеска во 14 часот, на булеварот Крсте Петков-Мисирков, на Бит-пазар, ќе протестираат Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на ОНА, Движењето за реформи – ДПА и НДП. Како што се вели во повикот за протест, организаторите ќе бараат владеење на правото, департизацијата на институциите и целосна еднаквост на Албанците и na Македонците. Протест...

МВР ја извести ДИК дека сè уште постапува по голем дел од нејзините барања

Во врска со барањата на Државната изборна комисија (ДИК) испратени до Министерство за внатрешни работи за проверка на податоци за гласачи, МВР ја известило ДИК дека сè уште постапува по голем дел од нејзините барања. - Заради фактот што се работи за многу комплексна и обемна задача, обработката на податоците неопходно е да се извршува сукцесивно. За дел од прашањата што се...

Грција ги испрати првите бегалци кон Турција

Грција почна со процесот на реадмисија и на враќање на дел од бегалците и од мигрантите кон Турција. Од утринава два турски брода презедоа 131 бегалец од островот Лезбос и се упатија кон турскиот град Декели. Од островот Хиос кон Турција утринава беа пренесени уште 66 мигранти кон Чешме. Според последните информации на турските медиумите, првиот траект со мигранти од...

Трета ноќ протести во Париз против реформите на пазарот на труд

Стотици демонстранти ноќеска простираа на Плоштадот на Републиката во Париз против реформите на пазарот на труд, што француските власти сакаат да ги спроведат, јавуваат светските агенции. Толпата, која трета ноќ по ред протестира во центарот на Париз, си заминала утрово по интервенцијата на полицијата. На синдикатите и студентските организации, кои во четвртокот, оваа недела, стапија во генерален штрајк поради...

Пејковски не се криј, ослободи го Бошкоски, веднаш – порачаа од ОМ на денешниот протест

Членови на партијата Обединиети за Македонија (ОМ), симпатизери, поддржувачи и активисти денеска напладне пред зградата на Министерството за правда, го одржаа најавениот протест на кој побараа ослободување од затвор на претседателот на ОМ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Демонстрантите, кои носеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за тортурата, слобода за Љубе Бошкоски, веднаш“, му дадоа рок од...

Оризопроизводителите од Кочанско денеска повторно на протест

Производителите на ориз од Кочанско денеска повторно ќе протестираат, незадоволни од откупната цената на оризот. Тие еден час, односно од 11 до 12 часот ќе ја блокираат едната коловозна лента на патот Штип - Кочани, кај селото Облешево. Производителите на ориз, незадоволни од понудената, бараат цена од 50 денари за бел ориз и 25 денари за оризова арпа, како што...

Протест на судската администрација: Да се повлечат лошите закони

Со барање да се повлечат лошите закони во администрацијата, вработените во судската администрација го почнаа протестот пред Собранието. Демонстрантите протестот го продолжија кон Министерството за информатичко општество и администрација и објектот на Владата. Организатори на протестот се Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ и Здружението на судска администрација. Судската администрација бара исплата на пет проценти ветени...

Јанева бара, a судот не дава копии од списи и докази за „Пуч“

Судијата што го води случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги одбил барањата на Специјалното јавно обвинителство да им бидат доставени копии од списи и електронски докази. Во образложението на ваквата одлука од судот велат дека со нивно доставување би била направена повреда на обврската за чување на класифицирани информации бидејќи државните институции што ги...

Груевски: Штом нешто влезе во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа е завршена работа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска со неколку партиски функционери ги посети селата Бразда, Чучер, Сандево, Мирковци и Кучевиште. Жителите на селата му се пожалиле на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблеми со локалниот пат, немаат градинка, ниту, пак, фискултурна сала. Како што пишуваат некои медиуми, жителите на овие села побарале од Груевски нивните барања да бидат запишани во програмата...

Во изминатите три дена издадени потврди на 7.501 мигрант

Вчера, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.120 мигранти, од кои, според државјанството, 852 лица се од Сирија, 822 од Авганистан и 446 се со потекло од Ирак. Како што информираат од МВР, од 1 јануари до 3 јануари, на полноќ, вакви документи, со кои на мигратите им се дозволува 72-часовен...

Македонија бара полицајци од европските земји за помош со мигрантската криза

Управувачкиот комитет за координација и за управување со мигрантската криза донел одлука да се испратат официјални барања до поголем број европски земји за испраќање полициски службеници во земјава за помош во справувањето со кризата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „На сите состаноци што се одржуваа на регионално или европско ниво, Република Македонија апелираше дека ни е потребна материјална и логистичка...

Вчера издадени потврди на 2.895 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.895 мигранти. Според државјанството, најголем дел од нив се со потекло од Сирија, односно 1.368 лица, од Авганистан – 765 и од Ирак – 762 мигранти. Според податоците на МВР, од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот...

Вчера издадени потврди на 3.415 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 3.415 мигранти. Според државјанството, најголем дел од нив се со потекло од Сирија, односно 1.624 лица, од Ирак - 1.049 и од Авганистан - 742 мигранти. Според податоците на МВР, од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...