fbpx

Вчера издадени потврди на 3.415 мигранти

-

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 3.415 мигранти. Според државјанството, најголем дел од нив се со потекло од Сирија, односно 1.624 лица, од Ирак – 1.049 и од Авганистан – 742 мигранти.

Според податоците на МВР, од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, вакви документи им се издадени на вкупно 366.002 мигранти, од кои 205.991 се сириски државјани.

До Секторот за азил вчера, како што информираат од МВР, не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил, со што вкупниот број на странски државјани што побарале да останат во земјава засега изнесува 83 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...