fbpx

Македонија бара полицајци од европските земји за помош со мигрантската криза

-

Управувачкиот комитет за координација и за управување со мигрантската криза донел одлука да се испратат официјални барања до поголем број европски земји за испраќање полициски службеници во земјава за помош во справувањето со кризата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На сите состаноци што се одржуваа на регионално или европско ниво, Република Македонија апелираше дека ни е потребна материјална и логистичка помош за соодветно, рамо до рамо со земјите-членки на Европската унија (ЕУ), активно да се справи со илегалната миграција од една страна, но и да понуди хуманитарна помош на бегалците од друга страна. Во таа насока, Управувачкиот комитет за координација и за управување донесе одлука да се испратат официјални писма – барања за испраќање полициски службеници од поголем број на европски земји кои директно или индиректно се засегнати од миграциската криза. Целта на оваа одлука беше македонските и странските полициски службеници да патролираат заедно на границата со Грција, како и да помогнат на нашите полициски службеници во спроведувањето на секојдневните работни активности“, се вели во соопштението на МВР.

Досега, како што информираат оттаму, на нашето барање позитивно одговориле неколку држави, односно полициски службеници од Хрватска веќе патролираат на македонско-грчката граница. Вчера и Србија испратила свои полицајци, а во текот на следната недела се очекува да пристигнат и тимови од Унгарија и од Словенија.

„Кон средината на јануари, односно на почетокот од февруари 2016 година се очекува да пристигнат полициски службеници од Чешката Република. Во тек се преговори и со другите земји, односно Австрија, Полска и Словачка, за евентуално испраќање нивни полициски службеници“, велат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...