fbpx

Вчера издадени потврди на 2.895 мигранти

-

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.895 мигранти. Според државјанството, најголем дел од нив се со потекло од Сирија, односно 1.368 лица, од Авганистан – 765 и од Ирак – 762 мигранти.

Според податоците на МВР, од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, вакви документи им се издадени на вкупно 380.152 мигранти, од кои  205.605 се сириски државјани.

До Секторот за азил вчера, како што информираат од МВР, не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...