fbpx

„Протестирам“: Уставниот суд покажа знаци на живот, но тоа не е доволно

-

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ ја поздрави денешената одлука на Уставниот суд, со оценка дека судот „покажа знаци на живот“, но велат дека тоа не е доволно, поради што продолжуваат со протестите.

„Уставниот суд денеска покажа знаци на живот. Но тоа не е доволно! Продолжуваме да протестираме до исполнување на барањата!“, напишаа од „Протестирам“ на нивниот официјален Фејсбук-профил.

Од граѓанската иницијатива, која повеќе од еден месец протестира против одлуката на претседателот за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници и бараат одложување на изборите и спроведување на реформи, најавија протести во 18 часот, кои ќе почнат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.

Протести на „Шарената револција“ за денеска се најавени и во Тетово, Битола, Радовиш, Прилеп и Гевгелија, закажани за во 19 часот, односно во 19.30 часот во Гевгелија.

Протестот во Тетово ќе почне пред зградата на Основниот суд, во Битола на плоштадот Магнолија, во Радовиш на плоштадот Свети Спасо Радовишки, во Прилеп кај камената бина и во Гевгелија демонстрантите ќе се соберат пред пензионерскиот дом во градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...