fbpx

Протест на судската администрација: Да се повлечат лошите закони

-

Со барање да се повлечат лошите закони во администрацијата, вработените во судската администрација го почнаа протестот пред Собранието. Демонстрантите протестот го продолжија кон Министерството за информатичко општество и администрација и објектот на Владата.

Организатори на протестот се Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ и Здружението на судска администрација.

Судската администрација бара исплата на пет проценти ветени за целата администрација и зголемување на платите на судските службеници. Исто така, тие бараат враќање на работното време од 7.30 до 15.30 часот и да престане државното оценување и казнување на вработените.

Поддршка на протестот дадоа и потписниците на Повелбата за солидарност, односно Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници ССНМ, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, левичарското движење „Солидарност“, Мултиетничкиот синдикат на образование МЕСО, Синдикатот на културните работници и Левица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...